Одењето на гости кај некоја ваша блиска роднина или пријателка која неодамна се породила е секогаш возбудливо. Меѓутоа, мора да знаете дека постои начин на кој би требало да се однесувате кога ќе влезете во домот на новопечена мајка. Еве неколку совети кои ги објавила една мајка на порталот Netmums за тоа како да бидете добар гостин.
„Обидете се да на изгледате премногу добро, односно, дотерајте се минимално“, вели Кејт, мајка на девојче.
„Најдобро е да облечете тренерка, да ја фатите косата во репче и да ставите само минимум шминка. Новопечените мајки на овој начин нема да се чувствуваат осамено затоа што им е тешко да најдат време за да се дотераат, а ќе можете и безгрижно да го земете дететои, без страв дека ќе ве извалка“.
Кејт советува да не се грижите за подароците. Мајките најмногу ќе ги израдува ако им донесете зготвен ручек или чоколадо.
„Важно е и да не се загледувате во евентуалниот неред. Со времето потребно за опоравување и грижата за малото бебе во првите недели од нејзиниот живот, тешко е да се мисли на чистење и бришење прапина или пак на пеглање“, напоменува Кејт.
„Новите родители многу се мачат за да остават впечаток дека држат сѐ под контрола па бидете благодарен гостин и покажате им дека верувате во тоа, па дури и ако воопшто не е така“.