Американскиот став за доењето критикуван од светските медицински експерти

Светските здравствени експерти велат дека мајчиното млеко е особено важно за бебињата во сиромашните земји, кадешто несоодветното снабдување со вода може да ја направи опасна формулата во прав за новороденчињата. Но и покрај тоа, САД се спротивставиле на резолуцијата за поттикнување на доењето токму уценувајќи ги малите и сиромашни земји.

0
197

Додека некои жени не се способни за доење, не можат да создадат доволно млеко, имаат медицински состојби кои ги спречуваат да дојат, или едноставно одбираат да не дојат, повеќето медицински организации се согласни дека „градите се најдобри“ кога станува збор за исхраната и здравјето на новороденчето. Мајчиното млеко обезбедува основни хранливи материи, како и хормони и антитела кои ги штитат новородените од заразни болести.

Иако се очекуваше резолуцијата за охрабрување на доењето брзо и лесно да биде одобрена од страна на стотици владини делегати кои оваа пролет се собраа во Женева за Светското собрание на Обединетите Нации.

Базирана на неколкудецениското истражување, во резолуцијата се вели дека мајчиното млеко е најздраво за децата и дека државите треба да се стремат кон тоа да го ограничат неточниот или лажен маркетинг на вештачките формули кои се користат како замена за мајчиното млеко.

Меѓутоа, делегацијата на Соединетите Американски Држави, застана во одбрана на интересите на производителите на формула за новороденчиња, и поттикна дебати.

Американските претставници се обидоа да ја разводнат резолуцијата со отстранување на оние делови со кои се повикуваат владите да го „заштитат, промовираат и поддржат доењето“ и уште еден пасус со кој креаторите на политиката за поттикнување на доењето сакаат да ја ограничат промоцијата на прехранбени производи, за кои многу експерти велат дека можат да имаат штетни ефекти врз децата.

Кога тоа не успеа, тие, според дипломатите и владините претставници кои учествуваа во дискусиите, се свртеа кон закани. Прв на удар се најде Еквадор, кој планираше да ја воведе мерката.

Американците беа отворени: Ако Еквадор одбие да ја отфрли резолуцијата, Вашингтон ќе воведе казнени трговски мерки и ќе ја повлече клучната воена помош. Еквадорската влада брзо се согласи.

Ова го потврдиле повеќе од десетина учесници од неколку земји, од кои многумина побарале анонимност, бидејќи се плашеле од одмазда на САД.

„Бевме изненадени, згрозени, а исто така и тажни“, рече директорката на адвокатската британска група за застапување на акцијата за поттикнување на доењето, Пети Рендал.

„Она што се случи беше еднакво на уцена, при што САД го држеа цел свет како заложник и се обидуваа да го поништат речиси 40-годишниот консензус околу тоа кој е најдобриот начин за заштита на здравјето на доенчињата и на малите деца“, рече таа.

На крајот, напорите на Американците беа главно неуспешни. Русите конечно се изјаснија за воведување на мерката, и Американците не им се закануваа.

Руски делегат изјавил дека одлуката за воведување на доењето е прашање на принцип.

„Ние не се обидуваме да бидеме херој овде, но сметаме дека е погрешно кога една голема земја се обидува да влијае на некои многу мали земји, особено за прашање што е навистина важно за остатокот од светот“, вели делегатот, кој побарал да не се идентификува бидејќи не е овластен да зборува со медиумите.

Според него, САД индиректно ја притискаат Москва да се повлече од мерката. Сепак, американската делегација се обиде да ги истера другите учесници преку процедурални маневри во серија состаноци.

На крајот, САД во голема мера беа неуспешни. Конечната резолуција го задржа поголемиот дел од оригиналниот текст, иако американските преговарачи направија се да ги спречат земјите-членки кои сакаат да ја запрат „несоодветната промоција на храна за доенчиња и мали деца“.

Соединетите Американски Држави, исто така, инсистираа на зборовите „базирани на докази“ во упатствата на одамна утврдените иницијативи кои промовираат доење, што критичарите го опишуваат како трик кој може да се искористи за да ги поткопа програмите кои им даваат на родителите совети и поддршка за хранење.

Елизабет Стеркен, директор на канадската Коалиција за акцијата за исхрана на новороденчињата, изјави дека четиридецениското истражување ја утврди важноста на мајчиното млеко, кое обезбедува есенцијални хранливи материи, како и хормони и антитела кои ги штитат новороденчињата од заразни болести.

Студијата од 2016 година во „Лансет“ покажа дека доењето ќе спречи 800.000 смртни случаи на деца годишно низ целиот свет и ќе заштеди 300 милијарди долари од намалените трошоци за здравствена заштита.

Научниците не се подготвени да спроведат студии кои ќе обезбедат една група со мајчиното млеко, а друга со замена за мајчиното млеко. „Овој вид истражувања“ базирани на докази „би биле етички и морално неприфатливи“, вели г-ѓа Стеркен.

Абот Лаборатории, компанија со седиште во Чикаго која е една од најголемите играчи на пазарот за бебиња вреден 70 билиони долари, одби да даде коментар.

Нестле, прехранбениот гигант со седиште во Швајцарија со значајни деловни операции во САД, се обиде да се дистанцира од заканите на САД против Еквадор и рече дека компанијата ќе продолжи да го поддржува меѓународниот кодекс за маркетинг на замената на мајчиното млеко, кој ги повикува владите да ја регулираат несоодветната промоција на ваквите производи и да се поттикне доењето.

Според еден официјален претставник на Еквадор, кој учествуваше на состанокот, покрај трговските закани, Тод Чепман, амбасадор на САД во Еквадор, на состаноците со официјални претставници во главниот град на Еквадор, Кито, се заканил дека администрацијата на Трамп, исто така, би можела да се одмазди со повлекување на воената помош што ја обезбедува во северен Еквадор.

Американската амбасада во Кито одби да го коментира ова.

„Бевме шокирани затоа што не сфаќаме како толку мала работа како доењето може да предизвика таква драматична реакција“, изјавил претставник на Еквадор, кој не сакал да се идентификува бидејќи се плашел дека ќе ја изгуби својата работа.

 

 

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]