Наградна игра на Мајка и дете и Литература.мк, одговорете точно и добијте книга!

Оваа недела ја промовираме книгата „Кралот Светкошорц и Злиот цар“ од Енди Рајли.

0
253

Порталот наменет за родители Мајка и дете во соработка со „Литература.мк“ (http://literatura.mk) ви предлага листа со пет книги за деца за ова лето.

Станува збор за поучни и забавни приказни, не само за децата, туку и за родителите. Книги во кои ќе ужива целото семејство.

Секоја недела доделуваме по една книга за деца. Сѐ е што треба да направите е да ја следите „Фејсбук“ страницата на „Мајка и дете“ (https://www.facebook.com/Majka-i-dete-298560416859647/ и да одговорите точно на наградното прашање поврзано со книгата на неделата. Тој што прв ќе одговори ќе биде награден со книга, која ќе може да ја подигне во книжарницата на „Литература.мк“ на улица Македонија, во Скопје.

Оваа недела ја промовираме книгата „Кралот Светкошорц и Злиот цар“ од Енди Рајли.

Приказните за Едвин Светкошорц се пресмешни. Едвин не е обично момче. Тој е крал, со престол и сопствен оклоп и замок со тајни премини и уште што не. А да, и најужасниот човек во универзумот му е сосед. Ова никако не би можело да доведе до возбудлива авантура со акција, чоколада и крокодили гризачи… Така? „Кралот Светкошорц и злиот цар“ е првата од серијалот на Енди Рајли.

Наградното прашање за оваа недела е:

Наброј барем уште една книга од серијалот „Кралот Светкошорц“.

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]