Тибетанско воспитување на децата

Овие корисни вештини помагаат за воспитување комплетни и самостојни личности кои ги почитуваат своите родители. Навистина може многу да се научи од овој мудар народ.

0
822

Основни правила на тибетанското воспитување:

Најважно од сѐ – нема понижување ниту телесно казнување. Единствена причина што некои ги тепаат децата е таа што тие не можат да им возвратат.

Прв период: до петата година. Кон детето треба да се однесувате како кон крал. Ништо не треба да му забранувате, само треба да го одвраќате. Доколку почне да прави нешто опасно, потрудете се да изгледате и да звучите исплашено. Детето тоа совршено добро го разбира.

Во таа возраст се формираат љубопитството и интересот за живот. Детето сѐ уште не е способно да гради подолги логички врски. На пример, скршило скапа вазна. Тоа не разбира дека за купување на таа вазна требало долго да се работи и да се заработат многу пари.

Казната ќе ја доживее како совладување од позиција на сила. Нема да го научите да не крши вазни, туку да му се покорува на посилниот од него. Зарем тоа го сакате?

Втор период: од 5 до 10 години. Во тој период кон детето треба да се однесувате како кон роб. Поставете му задачи и барајте од него да ги изврши. Можете да го казните за неуспех, но не физички. Во тој период активно се развива интелектот. Детето мора да научи да ги предвиди реакциите на другите на своите постапки, да предизвика позитивен став кон себеси и да избегне негативен. На таа возраст не се штедете и „бомбардирајте го“ со знаење.

Трет период: од 10 до 15 години. Како да се однесувате кон него: Како кон еднаков со себе. Не како рамен на себе, туку токму како кон еднаков, бидејќи сепак имате многу повеќе знаење и искуство. Советувајте се со него за важни прашања, поттикнувајте ја и охрабрувајте ја неговата самостојност. Наметнете му ја својата волја незабележливо, преку примери, дискусии и совети. Ако нешто не ви се допаѓа, усмерете се на негативните последици, избегнувајќи директни забрани. Во тој период од животот се формираат самостојноста и независното мислење.

Последен период: по 15.година. Почитувајте го. Доцна е да го воспитувате и ви преостанува само да ги собирате плодовите од своето воспитување.

Какви се последиците од непочитувањето на овие правила?

Доколку до петата година го гушите детето, ќе ја загушите неговата амбициозност, активноста, интересирањето за живот и интелектот. Ќе го научите без поговор и размислување да ѝ се покорува на груба сила, ќе го направите лесна жртва на сите насилници.

Ако продолжите да му угодувате после петата година, детето ќе остане инфантилно, неспособно за работа и за било какви духовни напори.

Ако продолжите да го штитите детето и после 10.година тоа ќе порасне во несигурна личност, зависно од посамостојните другари кои можеби нема да имаат добро влијание врз него.

Ако не го почитувате детето после неговата 15.година, тоа никогаш нема да ви прости и ќе си замине засекогаш веднаш штом ќе му се укаже можност.

[better-ads type='banner' banner='999' ]