Хранењето од шише е право на секоја жена

Ако жената одлучи да не го дои детето, тоа е нејзино право и мора да биде почитувано, е новата порака на британските бабици.

0
313

Ако жената одлучи да не го дои детето, тоа е нејзино право и мора да биде почитувано, е новата порака на бабиците во Британија.

Кралскиот колеџ на бабици издал ново и јасно соопштение: „После советите, обуките и упатствата, мора да ѝ се даде поддршка на секоја жена која ќе одлучи да го храни детето со формула со помош на шише“.

Иако е доењето најдобро решение, некои жени навистина се мачат кога се обидуваат да го дојат бебето и тешко им е да издржат во тие обиди, се наведува во соопштението.

Важно е да бидат информирани и да се поддржи нивното право да можат да бираат како ќе го хранат детето.

Притисоци и совети

Националниот совет за родилки соопштил дека жените можат да се соочат со неочекувани притисоци од семејството, пријателите, па дури и од луѓето кои едвај ги познаваат, како и да одлучат да го хранат бебето.

Така, мајките кои ги дојат децата често се соочени со неверојатни притисоци, совети и ограничувања каде, како, колку често, колку долгои би требало да ги дојат децата. Исто така, мајките кои ги хранат своите деца со формула постојано се соочуваат со осуда од околината или со вина, особено ако претходно планирале да дојат.

Универзитетот во Ливерпул направил истражување на повеќе од 1.600 новопечени мајки во 2016.година. Од 890 кои им давале формула на децата, 67 отсто рекле дека се чуѕвствуваат виновни поради тоа, 68 отсто се чувствувале стигматизирано, а 76 отсто имале чувство дека мораат да го бранат својот избор да не го дојат детето, туку да го хранат со формула.

Не толку лошо, но сепак лошо, се чувствувале мајките кои дојат, особено оние кои на децата им давале повремено и формула.

Докторката Викторија Фалон, од одделението за психологија и една од истражувачите, објаснува: „Истражувавме како се чувствуваат жените и откривме дека мајките кои исклучиво доеле, а потоа престанале, најчесто чувствуваат вина, а оние кои детето не дојат од раѓање најчесто се чувствуваат стигматизирано.

Доење, шишенце или двете

Мајките во Британија дојат најретко од сите европски мајки. Иако многу мајки се обидуваат да дојат, помалку од половината истрајуваат во тоа во првите 6 недели од староста на бебето. Податоците покажуваат дека уште околу 1 отсто се откажуваат во наредната пола година.

Стручњаците препорачуваат, секогаш кога е можно, мајките да ги дојат бебињата исклучиво во првата половина од годината, а потоа да продолжат со доењето макар и до втората година, постепено воведувајќи ја и останатата храна во менито на детето.

Сепак, како ќе ги хранат децата, мора да биде избор на жената, велат во Кралскиот колеџ на бабици.

Ако и после сите потребни информации и поддршка во доењето, жената сепак одлучи да не дои или да му дава на детето формула покрај доењето, нејзиниот избор мора да се почитува.

Забележавме дека некои жени не сакаат или не можат да дојат, па мораат да се потпрат на формули. Неопходно е да им се пружи помош во тоа, безбедно да ги стерилизираат шишенцата и да се советуваат како и тие да уживаат во хранењето и да развијат блискост и нежност кон своето бебе“.

Докторката Фалон смета дека советот во вистинска насока е добар чекор, но дека е загрижена затоа што постоечките стратегии за промоција на доењето не ги поддржуваат доволно мајките и можат да предизвикаат негативни чувства.

„Не можеме да ги оспориме здравствените предности на доењето, но Велика Британија е една од земјите во кои жените најтешко одлучуваат да дојат иако многу од нив веклат дека го сакаат тоа. Жените мора да бидат поддржани да дојат и со практични и емотивни совети“, предуспредува Фалон.

[better-ads type='banner' banner='999' ]