Кои правила мора да ги почитуваат децата на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам

Иако некои луѓе мислат дека животот на принцовите и принезите е како во бајка, децата на принцот Вилијам (35) и на војвотката Кејт Мидлтон (36) мораат да следат строга низа правила. Принцот Џорџ (4) и принцезата Шарлот (3), како и сите кралски деца, мораат да научат најмалку два странски јазици.

0
671

Тие веќе почнале да учат шпански јазик, а принцот, наводно, веќе знае и да брои, пишува Harper’s Bazaar. Им помага дадилката Марија Турион Борало од која веќе научиле доста зборови.

Освен тоа, Шарлот се уште не смее да седи на маса со возрасните во текот на оброкот.

„Прво мора да ги совлада правила на однесување. Дотогаш седи на посебна маса“, вели извор близок на кралското семејство.

Понатаму, кралските деца мораат да пазат и на дрес-кодот. Принцезата најчесто мора да носи фустанчиња со околувратник, а принцот кошула и куси пантолони. Шарлот задолжително има панделки во коса кои се еднакви со бојата на нејзините фустанчиња, а сите нејзини чевлички се „Meri Džejns“.

Иако малата пронцеза посакала да носи тиари, не смее затоа што се тие наменети само за мажените членови на семејството и симболизираат токму тоа, дека жените се „зафатени“.

Принцот Џорџ и принцезата Шарлот, како и едномесечниот принц Луис, нема да смеат никогаш да отворат профили на социјалните мрежи. За целото кралско семејство постојат само официјални профили на Кенсингтонската палата на Твитер и Инстаграм.

Малата Шарлота требас да внимава и на дррењето на телото како и на тоа како седиi Како и мајка ѝ Кејт, и таа мора да седи на тој налин што ќе ги спои колената и глуждовите, иако изгледа како да се уште не ја „усовршила техниката“.

[better-ads type='banner' banner='999' ]