Ќерката на Пинк има 7 години и бојадисана коса

Седумгодишната ќерка на пејачката ја бојадисала својата коса во виолетова, па многу мајки ја осудуваат Пинк велејќи дека бојата за коса не е добра за децата на таа возраст. Што мислите вие за ова?

0
342

Пејачката Пинк и нејзиниот сопруг, Кери Харт се познати по специфичниот налин на кој ги воспитуваат своите деца, а кој се заснива на градење на личен идентитет.

Иако многу родители ги поддржуваат во тоа, со последната фотографија на која нивната ќерка Вилов има виолетова боја на коса, тие налутиле голем број мајки кои сметаат дека е ова претерано.

Среќен седми роденден на мојата ќерка Вилов. Го сакам ова девојче повеќе од својот живот. Таа станува толку силно, паметно, нежно, мало суштество. Горд сум на тебе и уживам во секој момент кога сме заедно, напишал гордиот татко под фотографијата која предизвика толку негативни реакции.

Иако пораката претставува емотивна роденденска честитка, следбениците на славната двојка биле изненадени од изгледот на седумгодишното девојче со виолетова коса.

„Ова е скандал! Не е нормално детето да има боја на себе. Вилов е само девојче и би требало да изгледа баш како другите деца – зошто?“, се само некои од коментарите.

На прашањето дали е во ред дете да ја бојадисува косата и дали можат да се јават некои штетни ефекти, специјално за порталот „Yahoo“ зборувала Латања Бенџамин, педијатар од детската болница Joe DiMaggio.

„Постојат голем број хемикалии кои можат да се апсорбираат во крвотокот и да предизвикаат одредени реакции кај детето“, вели докторката нагласувајќи дека никако не препорачува бојадисување на косите кај малите деца.

Најопасна е состојката Fenilendiamin (PPD), вели таа, која ја има во многу бои за коса, а може да предизвика алергиски реакции.

[better-ads type='banner' banner='999' ]