Дедовска љубов најголема!

Еве како изгледа онаа посебна врска помеѓу дедо и внук за која толку многу се зборува. А еве и како изгледаат денешните дедовци...ниту трага од стомак, ќелаво теме и бела брада. Браво за првиот дедо од генерацијата 79-83 од гимназијата „Никола Карев“. Сте виделе ли скоро некој понасмеан лик од овој?

0
800

Генерацијата 1979-1983 од скопската гимназија „Никола Карев“ викендов одбележа 35 години од матурирањето, токму како што ѝ доликува – во МКЦ (поранешен Дом на млади 25 Мај).

И таму, како и на секое реобединување на стари школски другари – многу гушкање, бакнување, играње, пиење, муабетење и среќа… за жал, и по некоја лоша вест за прерано починат соученик, но и новости од типот: две соученички станале баби, а еден – дедо!

И иако сите со истиот памет, разиграни токму како и пред три ипол децении, сепак, не може да не се издвои некој. А оној кој ние го издвојуваме е првиот дедо од оваа генерација кој цела вечер со гордост и широка насмевка ги покажуваше фотографиите на својот внук, малиот Лео. Тој е жив доказ дека секое доба си има свои убавини, но и дека дедовците навистина најмногу знаат да им се радуваат на децата.

Еве како изгледа првиот дедо во генерацијата 79/83 од гимназијата „Никола Карев“ во Скопје, сѐ уште прилично млад и згоден (како за дедо) Перица Дуковски. Сте виделе ли скоро некој понасмеан лик од овој?

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]