Бригит Нилсен бремена на 54 години

Ако минатата година ве шокираше бременоста на Џенет Џексон во 50.година, што ќе кажете на бременоста на славната данска актерка Бригит Нилсен која ја објавила на своите профили на Инстаграм и на Фејсбук

0
548

Холивудската актерка Бригит Нилсен, позната по улогите во филмовите Црвената Соња и Полицаецот од Беверли Хилс, објавила дека е бремена во 54.година од животот.

Оваа вест ја објавила во понеделникот на своите профили на Инстаграм и на Фејсбук со фотографија под која напишала „семејството се шири“.

Со еден од синовите

На Нилсен ова ќе и биде пето дете, но прво со сопругот Матија Деси (39) со кој е во брак од 2006.година. Од поранешните врски има четири возрасни деца.

Со сопругот Матија Деси

„Децата ме поттикнуваат да продолжам да одам напред“, изјавила таа во едно интервју. „Откако ќе го направам Плејбој, сакаме да пробаме Ин-витро. Ако успееме, тоа ќе го направи нашиот пакет комплетен“.

Нилсен се прослави во филмовите „Роки IV“ и „Кобра“ заедно со Силвестер Сталоне, со кого се омажи во 1985 година и беше во брак две години.

Сталоне беше нејзин втор сопруг.

Таа, исто така, била во брак со Каспер Виндинг од 1983 до 1984 година, со Себастијан Копленд од 1990 до 1992 година и со Раул Мејер од 1993 до 2005 година.

[better-ads type='banner' banner='999' ]