Колку е големо бебето во вашиот стомак?

Од зрно мак, во првите четири недели од бременоста, вашето бебе до крајот на бременоста веќе има големина на тиква

0
827

Телото на жената за време на бременоста поминува низ неверојатни промени, а бебињата во стомакот од недела во недела брзо растат. Еве еден симпатичен водич кој големината на бебето по недели ја споредува со овошје и зеленчук. Еве колку е големо вашето бебе, пишува babycenter.com.

4 недели

Во 4. Недела од бременоста почнува ембрионалниот развој и во наредните десет недели ќе се развијат сите органи на бебето. Плодот има големина на зрно од мак

5 недели

Од 5.недела натаму, заметокот се нарекува ембрион и во овој период почнува време на интензивен развој на органите и ткивата. Има големина на семка од сусам.

10 недели

Вашето бебе сега ги има речиси сите органи, но во минијатурен облик. Има големина на помала смоква.

15 недели

Бебето е сега долго 10 цм од главата до газето, а тешко околу 70 грама. Има големина на јаболко.

20 недели

Дваесетата недела од бременоста означува половина од бременоста, а вашето бебе сега е долго како банана.

25 недели

Вашето бебе во овој период има околу 34 цм, а тешко е помеѓу 600 и 700 грама, како една поголема келераба.

30 недели

Бебињата во 30.недела тежат околу 1400 грама, а долги се околу 40 цм како голема зелка.

35 недели

Бебето ја зазема речиси целата матка и има големина на една диња.

40 недели

Вашата тиквичка би можела да се роди секој ден. Исчекувањето е на врвот, но не се грижете ако бебето се уште не сака надвор. До преносена бременост имате уште две недели.

[better-ads type='banner' banner='999' ]