Британија: Третина од мажите се каат зашто присуствувале на породувањето на своите жени

Само 1 од 10 мажи изјавил дека има чувство дека е корисен во текот на породувањето, додека останатите се опишале себеси како „бескорисни“, „нервозни“, „преплавени со емоции“ и „како резервни делови“.

0
345

Три од 10 Британци жалат затоа што присуствувале на породувањето на своите сопруги, покажало истражувањето.

Повеќе од половината мажи изјавиле дека сакале да ѝ пружат поддршка на својата сопруга, но 47 отсто од нив навеле дека не биле целосно подготвени за улогата на „бабица“.

Само 1 од 10 мажи изјавил дека има чувство дека е корисен во текот на породувањето, додека останатите се опишале себеси како „бескорисни“, „нервозни“, „преплавени со емоции“ и „како резервни делови“.

Дури 48 отсто од мажите признале дека постојано правеле погрешни работи, како што е на пример, галењето на грбот на сопругата иако во тој момент не ѝ годел овој допир, а 34 отсто рекле дека плачеле.

Особено е интересен примерот на маж кој ставил престилка и ракавици, се сликал така со сопругата а потоа ја објавил фотографијата на социјалните мрежи.

Третина од жените биле загрижени за своите сопрузи – како излегуваат на крај со породувањето, дали им е здодевно и дали сакаат да се тука, пишува Индепендент.

[better-ads type='banner' banner='999' ]