Зошто некои бебиња постојано икаат и дали е тоа опасно?

Бебињата почнуваат да икаат уште во мајчиниот стомак и тоа ниту тогаш, ниту по раѓањето, не е штетно за нив, но сепак постојат многу теории за тоа како да се запре икањето

0
700

Икањето кај бебињата е сосема вообичаено. Бебињата почнуваат да икаат уште во стомакот на мајката и тоа не им штети на ниту еден начин.

Родителите често знаат да се загрижат заради икањето на бебињата и се обидуваат да им помогнат, но за тоа нема потреба, тврди др. Линет Мазур, педијатарка од Хјустон. Според неа, причина за икањето е најчесто хранењето (доење, млечна формула во шише и слично).

„Икањето повеќе им пречи на родителите, отколку што им пречи на бебињата. Не грижете се и дајте им време спонтано да престанат“, советува лекарката.

Има многу теории како да се запре икањето, но лекарката вели дека за тоа нема потреба. „Не му давајте на бебето вода, не го чукајте по грбот и слично. За ниту една од тие теории нема научни докази“, додава др.Мазур.

Сепак, вели дека постојат случаи кога икањето може да биде сериозен медицински проблем, но таквите случаи кај бебињата се многу ретки.

Ако сте и натаму загрижени заради интензитетот и траењето на икањето кај вашето бебе, посоветувајте се со вашиот педијатар.

[better-ads type='banner' banner='999' ]