Бесплатна работилница за масажа за деца со посебни потреби

Работилницата за #varmamarma масажа за деца со посебни потреби ќе ја врши најдобриот европски специјалист Томислав Болфек, а истата помага во третманот на аутизмот.

0
420

За прв пат во нашата држава, работилница за #varmamarma масажа за деца со посебни потреби.
Работилницата за масажата ќе ја врши најдобриот европски специјалист Томислав Болфек, поттикната од детската група Ѕвездички при центарот на Art of Living, за сите останати дечиња со аутизам и нивните родители.

Влезот за работилницата е бесплатен, со претходно пријавување на вашето присуство.

Вармалогија е индијска медицинска наука развиена во Тамил.
Зборот “varmam” означува проток на енергија во телото, исто така познат како животна енергија.

Точките кадешто оваа енергија престојува во телото се идентификуваат како точки на varmam.

Основната цел на varmam системот на медицината е да ги стимулира овие точки. Истражувањето и практикувањето на уметноста на вармалогијата успеала да помогне на повеќе од 108 болести, вклучувајќи артритис, хронична ренална инсуфициенција, парализа на лицето, парализирање, дијабетес, астма…

Исто така, масажата со вармологија помага во третманот на аутизмот.

Моќта на вармалогијата е таква што една varmam точка може да се користи за лекување на околу 42 болести.

Varmam е суптилна енергија која помага во правилното функционирање на животната сила во телото.

Од 1990 година, оваа медицинска наука е проучувана и практикувана во согласност со начелата на системот Gurukula.

Од 2003 година, методологијата за вармам масажа е зголемувана во согласност со препораките на експертите од различни области на медицината.

Работилницата е наменета за деца со посебни потреби и нивните родители.
Повеќе информации за ова на телефонските броеви: 070358455 и 070358871 или пак на email: [email protected].

[better-ads type='banner' banner='999' ]