Дали сте и вие модерен родител кој создава себични и некултурни деца?

Кој му е кому родител? Кој се плаши тука од некого, а кој кого слуша? Ние децата или децата нас? Тешко е да се процени.

0
1004

За жал, секојдневниот живот стана таков што не им дозволува на родителите  правилно да ги одгледуваат своите деца. Многу работа, а малку внимание на крајот си го прават своето.

Дозволување сѐ да биде по нивно (тоа некогаш беше чист апсурд) е ситуација на која се децата навикнати од најмали нозе. Не чуди тоа што со три години не сакаат да јадат или да облечат тоа што ќе им се каже, обидувајќи се да истераат некоја своја правда, а не се ни свесни што воопшто значи правда.

Што е тоа што се гледа во очите на родителите, секако, освен силна љубов: Немоќ и слабост. Страв од признанието дека се совладани од сопствените деца. Дека им угодуваат како што не се угодувало никогаш порано. Бесни се на себе затоа што не знаат како да ги доведат во ред. Сето тоа е модерно родителство.

Колку пати сте сретнале разгалени деца кои заведуваат ред кога се на гости кај пријателите: Со деца кои ги тераат родителите да си одат дома тогаш кога ним им се оди дома?

Сетете се само на ситуации од вашето детство. Дали кога сте имале гости или сте биле некаде на гости, сте биле среќни ако ви дозволеле да бидете во истата просторија со возрасните? На само еден остар поглед од мајка ви или од татко ви, веднаш би се повлекле во својата соба или во собата на своето домаќинче.

Врв на непристојност не беше галамењето, викањето ниту инаетењето, туку, евентулано, прислушувањето на разговорите на возрасните од соседната соба. И тоа беше сѐ! Се знаеше за почит. Не се случуваше детето да одбие ручек или не дај Боже, да ја опцуе мајка си додека се обидува да го нахрани.

Денеска е тажно колку модерните родители им попуштаат на своите деца. Додуша, секогаш има бранители на оној стар добар ков кадешто се знаеше ред и хиерархија. Но сигурни сме дека таквите нема да се препознаат во овој текст.

Ова е апел за сите родители кои:

Им дозволуваат на децата да одлучуваат наместо нив.

Немаат авторитет

Немаат трпение да работат со своите деца, туку ги пуштаат да се снаоѓаат сами.

Го правдаат своето дете, под паролата „Сите деца го прават тоа“.

Ги поддржуваат и лошите постапки само за да не ги разлутат и имаат страв од родените деца.

Драги родители, опаметете се! Не дозволувајте детето да ве воспита вас, туку погрижете се вие да го воспитате него. И тоа онака како што треба. Тоа не може да го направи никој наместо вас, ниту воспитачката во градинка, ниту учителката во училиште. Најтешката работа е пред вас, а тоа не подразбира да обезбедите играчки и облека од последната колекција, туку да обезбедите доволно време за големо внимание и прегратки за своите деца.

[better-ads type='banner' banner='999' ]