Исплашен поглед, стиснати дланки и вкочането тело јасно зборуваат дека нешто не е во ред. Меѓутоа, доколку штом влезете во соба или му се обратите, бебето почнува весело да мафта со рачињата и ноџињата, несомнено е радосно. Уморноте бебе обични ги трие очите, а кога е гладно, се обидува да се склопчи. Но овие движења често не се нагласени, па тешко е да се воочат и правилно да се протолкуваат.
Особено внимание треба да им се посвети на очите на бебињата – нивните зеници се шират кога нешто ќе им привлече внимание. Инаку, децата имаат пошироки зеници од возрасните, а уште повеќе ќе ги прошират во друштво на возрасните. Ако се особено заинтересирани за нешто, зениците ќе им бидат уште пошироки. Внимателно посматрајте ги очите на бебето и набрзо ќе сфатите што го интересира и на кого најдобро реагира.
Во подоцнежниот развој, малечките почнуваат да користат различни движења и мимика за да ги изразат своите желби; бебето ќе покажува со прстот на работите кои ги сакаат или ќе ве држат за рака и ќе ве наведуваат кон местото на кое сакаат да отидат. Обрнете внимание на она што се обидуваат да ви соопштат и покажете им дека разбирате што мислат со зборовите: „Сакаш да ти донесам сокче, така?“.
Maлите деца го користат основниот говор на телото. Ако детето не сака да слуша кога го карате или го опоменувате, тоа ќе ги покрие ушите со рачињата. Кога не сака да гледа во нешто, затоа што тоа ги плаши или ги лути, ќе ги покријат очите со раце.
Говорот на телото може да биде клучно средство за да откриете кога детето ве лаже. Во такви ситуации, тоа инстинктивно ќе ја покрие устата со едната или со двете раце, во потсвесно настојување да го спречи излегувањето на „лошите“ зборови од неговата уста.
Подеднакво е важен и говорот на вашето тело. Пред да почне вашето бебе да го сфаќа значењето на зборовите, односно она што му го зборувате, движењата на вашето тело, како и тонот со кој му се обраќате, ќе бидат основно средство за разбирање помешу вас и вашето бебе. Кога му се обраќате на бебето, водете сметка за тоа очите да ви бидат на исто ниво. Имитирањето на движењата и бебето и изразите на неговото лице, е исто така добра тактика. Тоа ќе се чувствува сигурно затоа што ќе „сфати“ дека и вие се чувствувате како него.