Kако да научите мало дете што значи НЕ?

Кога имате двегодишно дете кое сакате да го дисциплинирате, најважно е да го научите што значи НЕ.

0
485

Кога имате двегодишно дете кое сакате да го дисциплинирате, најважно е да го научите што значи НЕ.

Со учењето можете да почнете и порано, кога детето тукушто ќе почне да ја истражува околината, советува канадскиот психолог Џордан Питерсон.

Најпрвин тргнете од дофатот на бебето се што може да биде опасно за да може да ползи наоколу. Детето не треба да се ограничува во истражувањето. Меѓутоа, не можете да отстраните баш се, па мора да поставите некои граници.

Доколку детето се упати кон нешто што не смее да допира, на пример, собно цвеќе, фатете го за нога, нежно, но цврсто и кажете му: „Не“!

Детето ќе се обидува упорно да го направи она што наумило, но ако истраете во своето НЕ, и натаму физички оневозможувајќи го да го направи тоа што наумило, на крајот ќе се откаже.

Веројатно ќе заплаче и ќе направи да се чувствувате виновни, но плачењето е неминовна последица од неостварените намери на детето.

Ако доста пати го повторите истиот метод, на крајот нема повеќе да морате да го задржувате детето со рака, туку ќе биде сосема доволно да кажете НЕ.

Со доследност ќе дојдете до тоа со минимум ваше интервенирање детето да може слободно да се движи низ просторот, затоа што ќе го научите кои работи не смее да ги допира. Децата неверојатнпо брзо учат и одлично генерализираат. Ако на пример им забраните да допираат едни ножици, ќе знаат дека тоа се однесзува и на останатите ножици.

Доколку е детето и понатаму тврдоглаво и упорно и го игнорира вашето НЕм кренете го и однесете го во некој агол или оставете го да седи на скалите. Таму треба да остане мирно се додека не е подготвено да се врати во друштво и да се однесува според семејните правила. Доколку не сака да биде мирно и да остане казнето, мора да бидете покрај него и смирено да го држите се додека не сфати дека мора да ја издржи казната. Кажете му „Нема да те пуштам додека не почнеш убаво да се однесуваш“. Кога ќе видите дека се смирил и одлучил да се однесува „цивилизирано“, дозволете му да се врати во друштво.

Дисциплинирањето мора да се врши со минимална примена на сила, но мора да се задоволи и потребата за ред и за правда, затоа што во спротивноr ќе имате негативни емоции кон сопственото дете. Не се залажувајте дека сте потрпелива личност отколку што навистина сте. Никој не сака да биде тероризиран од „двегодишник““, порачува Питерсон.

[better-ads type='banner' banner='999' ]