Пеењето приспивни песнички им ја олеснува болката на бебињата

Истражувањето спроведено во една лондонска болница покажало дека пеењето на приспивни песнички ја ублажува нивната болка.

0
368

Истражувањето спроведено во една лондонска болница покажало дека пеењето на приспивни песнички ја ублажува нивната болка.

Мајките би требало да им шпеат на децата кога ќе се повредат затоа што тивкото пеење кај бебињата ја ублажува болката, тврдат британските стручњаци. Тие им пееле приспивни песни на децата помлади од три години, а некои од нив чекале трансплантација на срце. Го контролирале нивниот срцев ритам и перцепцијата на болка.

Потоа нивните реакции ги споредиле со реакциите на две групи на деца – на децата од првата група им читале бајки, а децата од втората група биле препуштени сами на себе. Намалување на болката и на срцевиот ритам е забележано кај децата на кои им биле пеени приспивни песнички. Резултатите, освен што го потврдиле она што родителите и интуитивно го чувствувале – дека пеењето ги смирува децата, покажале и дека истото влијае и врз чувството на физичка болка.

[better-ads type='banner' banner='999' ]