Раното почнување со учење е апсолутна бесмислица

Франција воведува задолжително образование за тригодишници. Дали е раното учење навистина подобро за децата? И дали тие особено брзо учат?

0
462

Франција воведува задолжително образование за тригодишници. Дали е раното учење навистина подобро за децата? И дали тие особено брзо учат? Тоа е апсолутна бесмислица, вели во интервју за Дојче Веле, психологот Брижит Ролет.

Судбината на Франција зависи од образовниот систем, е ставот на претседателот Емануел Макрон. Затоа, од септември, предучилишното образование станува задолжително за сите деца. Наместо од шест години, како што беше досега, француските деца ќе почнат да учат од својата трета година. Предучилишното образование во Франција е популарно и го посетуваат 97 отсто од децата иако не е законски задолжително.

Бидејќи претседателот Макрон се плаши дека преостанатите 3 проценти се главно деца од загрозени семејства, предучилишната установа станува задолжителна, а од септември се бесплатни и училишните оброци.

Можеби раното задолжително образование е предност за Франција, но дали е добро за децата? Колку се учењето и училишната структура добри за децата од три години?

Дојче Веле: Дали е точно дека малите деца учат побрзо од возрасните?

Брижит Ролет: Не, тоа е апсолутна бесмислица. Тие учат дури и значително побавно. Нивните мозоци се сѐ уште во развој и не се структурирани како кај возрасните. Посебно кај тригодишниците тие многу битни поврзаности помеѓу различни делови од мозокот не се о целост развиени. На пример, разликувањето на десната и левата страна е процес кој трае некое време и треба да се изгради.

ДВ: Дали тоа се однесува и на учењето на јазици?

Ролет: Да, тоа се однесува и на јазиците. Во мозокот постојат два центри за јазици помеѓу кои стабилна поврзаност се воспоставува дури во текот на одредено време. Единственото нешто што малите деца го учат побрзо и подобро е точниот изговор. Кога децата учат јазик, често звучат како некој кој го зборува мајчиниот јазик. Меѓутоа, за возрансите е тоа потешко.

ДВ: Значи не сеточни претпоставиките дека на старпост повеќе не се учи?

Ролет: Да, тоа тврдење е одамна застарено. Дали некогаш сте чуле за студијата спроведена помеѓу таксистите во Лондон? Англиските невролози посматрале како мозокот на таксистите се менува во текот на првите 4 години поминати на таа работа. Тоа било во 2011.година, кога навигациските системи сѐ уште не биле толку распространети. Тогаш е утврдено дека нивното подрачје за ориентација во мозокот после тие 4 години било значително поголемо отколку кај остатокот од луѓето.

ДВ: Значи важен е само правилен тренинг?

Ролет: Капацитетот е тука и станува збор само за тоа како да се искористи. Дневниот навигациски тренинг на улиците на Лондон, довел до прмена во структурата на мозокот кај таксистите. Тоа била пресвртница во проучувањето на развојот на мозокот. Студијата покажала дека возрасните можат уште да учат. Значи, родителите не треба да ги загрижува дека нивните деца ќе бидат во неповолна ситуација ако тргнат во предучилишна со шест години. Јас дури би рекла дека тоа може да биде од поглема корист. Ако прерано се почне со учење и со структурирање би можело да се случи децата брзо да изгубат мотивација и тоа да ги преоптовари.

ДВ: Дали престојот во градинка има смисол?

Ролет: Исклучително е корисен затоа што децата во градинка стекнуваат социјални и кооперативни вештини. И немојте погрешно да ме сфатите – прекрасно е воведувањето во подоцните процеси на читање, пишување и сметање низ забава. Важно е само сето тоа да се прилагоди на децата и на нивните индивидуални потреби. Постојат деца кои на возраст од три години можат да собираат и одземаат, а други мораат да научат да разликуваат што е повеќе а што помалку. На секое дете треба да му се пристапи во согласност со неовите можности.

Професорката Брижит Ролет, работи на Институтот за развојна психологија и педагошка психологија на Универзитетот во Виена.

[better-ads type='banner' banner='999' ]