Едукативно-рекреативен настан во организација на децата со аутизам

На денот на планетата Земја – 21 април, во градинарскиот центар „Фоја“ традиционално садење дрва, годинава во организација на децата од групата со аутизам  при Арт оф Ливинг, а веќе овој викенд (13, 14 и 15 април) и работилница – Програма на среќата која се одржува во исто време во 85 градови во светот.

0
228

Истражувањето покажало дека постојат два вида среќа: таа што се менува секојдневно, под влијание на стресот или емоциите поврзани со дневните случки, а втората е подлабоката форма на среќа, која се однесува на задоволството од прифаќањето на животот, воопшто, објаснуваат во невладината фондација „Арт оф Ливинг – Македонија“, која е организатор на работилницата – Програма на среќата.

Оваа работилница е дел од големиот бран на среќата кој се одржува во исто време во целиот свет, поточно, во 21 држави и 85 градови. Терминот на одржување е 13 април (петок) од 18 до 21 часот и 14 и 15 април (сабота и недела) од 10 до 14 часот.

Работилницата нуди посебни техники на дишење кои телото го исполнуваат со енергија, практични алатки за справување со стресот, будење на внатрешниот потенцијал, поголема свесност и радост во секојдневното живеење.

Викендот потоа, по повод светскиот ден на планетата Земја ( сабота, 21.април), со почеток во пет до 12, во градинарскиот центар „Фоја“, се одржува традиционалниот едукативно-реакреативен настан „Да растеме заедно“. Настанот се одржува 5 години по ред, а оваа година организацијата е во рацете на дечињата од групата со аутизам „Ѕвездички“ при Арт оф Ливинг.

Настанот ќе опфати повеќе активности:
Едукативен дел, каде експертите и тимот од градинарскиот центар, стручно ќе го објаснат процесот на создавање и развивање на дрво од една семка. Децата ќе можат повеќе да се запознаат со природните процеси на растење и развивање на растенијата како и нивното значење за човекот и Земјата,
Практичен дел, каде децата ќе имаат можност практично да го почувствуваат садењето на дрво даб од семка и да ја видат целата постапка,
Рекреативен дел, забава, игри и дружење.
Целта на овој настан е поттикнување на свеста кај децата и кај родителите за што повеќе време дружење со природата, поттикнување љубов и грижа кон неа. Ова е посебно важно во денешното време на модерни технологии, кога децата поминуваат најголем дел од денот пред компјутерите, телевизорите, телефоните…
Влезот е слободен и добредојдени се сите кои избираат зелена иднина.

Градинарскиот центар Фоја се наоѓа на ул. „Борис Трајковски” (поранешна Првомајска) – веднаш до фабриката Усје.

[better-ads type='banner' banner='999' ]