Во Финска големо значење ѝ се придава на раната едукација. Пред да го научат распоредот на часови малите Финци прво улат како да бидат деца, односно, како да си играат едни со други и да ги залечат емотивните рани.
Но дури и подоцна, додека децата растат, Финска се труди да ги усмери на пат кон успехот. Еве кои се осумте правила кон кои се придржува оваа земја кога станува збор за образовниот систем.
Натпреварувањето не е поважно од соработката
Финска сфатила дека натпреварувањето помеѓу децата нема да доведе до успех каков што би можеле да постигнат соработките помеѓу училиштата.
Една од причините за тоа е и тој што во Финска нема приватни училишта. Секоја академска институција во оваа земја се финансира со јавни финансиски средства. Наставниците се обучени за тоа да издаваат сопствени, а не стандардни тестови. Се верува дека наставниците ќе обработат добра работа без мотивација на натпреварите.
Образованието е една од најугледните професии
Наставниците во Финска не се недоволно платени како што е тоа случај со некои други земји. Напротив, тие се многу важни , затоа што Финска многу вложува во децата кои се основа на доживотниот развој.
За да станете наставници во Финска мора да завршите барем мастер студии. Често се случува да предаваат во основни училишта кои се споени на Универзитети. Резултат? Можете да бидете сигурни дека наставниците во Финска го знаат најдоброто педагошко истражување кое постои во образованието.
Финска слуша што зборуваат истражувањата
Во Финска истражувањата се прават без политички товар на плеќите.
Владата носи одлуки за политиката на образованието засновано речиси исклучиво на ефикасноста – ако податоците покажат подобрување, Министерството за образование и култура ќе се обиде да работи на тој начин. Накусо Финска си ја работи својата работа.
Финска не се плаши од експериментирање
Таму се обрнува големо внимание на истражувањата, па наставниците се поттикнуваат да креаираат сопствени мини-лаборатории за стилови на предавања, да го задржат она што функционира и да се ослободат од она што не е ефикасно.
Времето за играње е свето
Финскиот закон ги обврзува наставниците после секои 45 минути предавања да им дадат на децата одмор и време за играње во траење од 15 минути. Тој закон потекнува од длабокото, речиси книжевно убедување дека децата треба да останат деца што е можно подолго.Нивна задача не е да пораснат брзо, ниту да запомнат се и да решаваат тестови.
Резултатите зборуваат сами за себе – сите истражувања покажале дека децата кои имаат барем еден одмор дневно во траење од 15 минути подобро се однесуваат во училиште и добиват одлични оценки.
Децата имаат малку домашни задачи
Оваа практика потекнува од взаемната доверба која владее помеѓу училиштето, наставниците и родителите.
Родителите и училиштето претпоставуваат дека наставниците во текот на училишниот ден успеваат да го покријат сето потребно градиво. Ретко кога се случува едната страна да побара да се работи повеќе. Времето дома е резервирано за семејството и децата тука учат само лекции за животот.
Предучилиштето е квалитетно и универзално
На родителите во Финска им е апсолутно се загарантирано. Предучилиштето и дневниот престој се универзални за сите деца до седум години и повеќе од 97 отсто од децата од 3 до 6 години посетуваат барем една од овие две установи.
Покрај тоа, предучилишните установи во Финска се навистина добри. Тие меѓусебно ги усогласуваат своите наставни програми и ги подготвуваат децата на слични начини. Додека дојде време за тоа децата да добијат задачи, родителите можат да бидат сигурни во тоа дека истите лекции се учат во целиот град.
Не се плаќа школарина за факултет
Младите луѓе во Финска не мораат да плаќаат школарина за да студираат. Програмите на основните, мастер и докторски студии се субвенционираат со комбинација на парите на даночните обврзници и сојузната Влада.
„На младите им се симнува огромен товар од грбот затоа што мора да размислуваат за тоа дали можат да го платат своето студирање“, изјавил за „Бизнис Инсајдер“ Паси Салберг, генерален директор на центарот за меѓународна мобилност.
Според неговите зборови, системот потекнува под верувањето дека „образованието, вклучително и високото образование е човеково право и одличен еквилајзер во нашето друштво“.