Најголемите разлики помеѓу првата и втората бременост

 Во втората бременост е сѐ поинаку, не полошо или подобро, туку поинаку

0
1033

Во исчекување на првото дете идните мајки обично многу истражуваат, читаат книги, водат сметка за исхраната, внимаваат на внесувањето на кофеин и сонуваат. Сонуваат со денови и со ноќи за тоа како ќе изгледа тоа нивно малечко чудо кога ќе дојде на свет.

Во втората бременост е сѐ поинаку , не полошо или подобро, туку поинаку. Предност е тоа што отприлика знаете за што треба да се подготвите. Но, ниту тоа не е гаранција, затоа што како породувањето, така и бременоста многу често се сосема поинакви.

Едукација

Додека во првата бременост не ја пуштајте од раце книгата за бременост и за женското здравје, во втората само му читате сликовници на помалото дете. Немате ниту волја ниту време за книги, основите и онака ги знаете, а на крајот сепак не испаѓа сѐ како во книгите, па е најдобро сѐ да пуштите да оди по својот природен тек.

Избор на храна

Во првата бременост жените обично ги избегнуваат сите намирници кои се нашле барем на еден попис на намирници кои не се препорачливи во бременоста. Земаат доволно вода, здраво се хранат и повеќе се движат. Во втората бременост жените и натаму ќе внимаваат што јадат, но без размислување ќе си дозволат по некој мал „грев“.

Свесност за бременоста

Во првата бременост жените уште од првото плусче на тестот цело време остануваат свесни за својата бременост, постојано зборуваат и мислат за тоа. Во втората бременост, особено ако е првото дете сѐ уште малечко, често се претоварени со обврски и повремено забораваат на својата бременост.

Најава на бременоста

Првиот пат двојките им ја кажуваат веста на своите семејства на по малку свечен начин, а кога ќе го дознаат полот на детето, тоа е нов повод да се украси домот во тој стил и да се ужива во мала семејна прослава. Во втората бременост откривањето на полот повеќе не е толку помпезно, туку само патем им споменувате на блиските дали носите момче или девојче.

Возбудување

Додека во првата бременост идните родители, но и целото семејство се многу возбудени и постојано сакаат да зборуваат за тоа, во втората бременост сето тоа е доста посуптилно. Воодушевувањето на бабите и дедовците повеќе не е еуфорично, но тоа не значи дека се помалку среќни заради тоа.

Трудничка мода

Додека во првата бременост жените ги обиколуваат дуќаните за да бидат облечени по последна трудничка мода, во втората се сосема среќни и во удобна тренерка.

Очекувања

Жените кои чекаат прво дете тешко можат да си претстават што треба да очекуваат од родителството. Не размислуваат за постпородилно опоравување затоа што е во прв план бебето. Во втората бременост жените се малку пореални, па однапред размислуваат кога што ќе направат, кого можат да замолат за помош за време на опоравувањето и како да се борат со неспиењето и успешно да го дојат.

Знаење во бременоста

Во првата бременост знаеме сѐ во теорија, колку е бебето големо во која недела, колку е развиено, додека во втората бременост жените понекогаш мораат да фрлат поглед на календарот за да се потсета во која недела од бременоста се, но имаат и предност – практично знаење.

Фотографии

Мајкуте во првата бременост често се фотографираат за подоцна да можат да следат колку им пораснал стомакот, додека во втората бременост единствени фотографии со стомак се оние од роденденот на првото дете или од некоја друга свеченост на која присуствувале.

Облик на телото

Во првата бременост повеќето жени имаат слатко мало заоблено стомаче, додека во втората, стомакот знае да биде малку понизок, по малку и обесен и не толку сладок.

Стравови

Во првата бременост жените се плашат и од сопствената сенка. Стравот од користење на козметика, конзервирана храна до избегнување на допирање на рекламни каталози затоа што с еполни со бактерии. Во втората бремнеост сѐ е поопуштено.

Детска соба

Во првата бременост со месеци се подготвува катче за бебето, додека во втората сте веројатно таткото во брзање го составува креветчето непосредно пред да се вратите од болница.

[better-ads type='banner' banner='999' ]