Педијатарот Харви Карп открива 5 митови за спиењето на бебињата

Според доктор Карп проблемот е во тоа што родителите немаат реалистични очекувања туку веруваат во одредени митови кои само им ги отежнуваат првите месеци со бебето.

0
753

Др.Харви Карп е познат по својата книга „Најсреќното бебе во крајот “ во која ја изнел идејата за „четвртото тромесечје“. Имено, бебињата с ераѓаат пред да станат доволно зрели за живот надвор од матката заради што во првите три месеци им е потребно доста внимание и смирување за да можат да се наспијат. Според него, проблемот е во тоа што родителите немаат реалистични очекувања туку веруваат во одредени митови кои само им ги отежнуваат првите месеци со бебето. Еве од кои митови, според него, треба да се ослободат родителите:

На бебињата за спиење им е потребна целосна тишина

Бебињата навикнале на бучна атмосфера во матката и тишината не им е природна состојба. За да го постигнете тоа бебето да се чувствува како во стомакот на мајката, користете бел шум (го создаваат домашните апарати, а на Јутјуб постојат и звучни снимки кои можете да му ги пуштите на своето бебе).

Бебињата спијат подобро ако им го засилите вечерниот оброк со оризови снегулки

Мајчиното млеко и млечната формула се полни со маснотии и јаглени хидрати и во оризот нема никаква волшебна состојка која би ги задоволила бебињата повеќе од млекото.

Постои одредена возраст на која бебето може да преспие цела ноќ

Бебињата никогаш не преспиваат цела ноќ. Дури и ние возрасните се будиме, па повторно заспиваме. Бебињата научуваат самите повторно да заспијат  околу шестиот месец, вели др.Карп. Дотогаш им се потребни родителските техники за смирување.

Нормално е да се биде ненаспан родител

Др. Карп е многу загрижен заради сѐ поголемата зачестеност на постпородилна депресија помеѓу мајките. Помалку од шест часа сон е многу штетно. Заради тоа, сонот на родителот треба да биде приоритет.  За што зборува и последниот мит:

Родителите треба сами да се снаоѓаат со бебето и да ја поднесуваат ненаспаноста

„Најголемиот од сите митови е дека нормално семејство се двајцата родители и детето. До пред сто години никој не се грижел за бебето без поддршка од поширокото семејство. „Затоа, не се стеснувајте да побарате совет. И што е уште поважно, прилагодете ги своите очекувања кон стварноста. Тие први месеци, како и сите други фази, ќе поминат“ – порачува др.Карп.

[better-ads type='banner' banner='999' ]