Знаете ли кој е виновникот што жените почнале да раѓаат лежејќи на грб?

И не само што поради овој владетел жените почнале да раѓаат на овој начин, туку поради него, уште во 17.век, на породувањата присуствувале и мажи.  

0
826

Замислете, причината поради која жените кои до неговото владеење раѓале во најразлични положби, само не лежејќи на грб, била таа што овој владетел сака да има подобар поглед на тоа што се случува.

Од тогаш наваму е изменета целата приказна околу раѓањето, па иако знаеме дека е многу полесно да се раѓа во некои други положби, дури ни модерното друштво се уште не може да се одлепи од инсистирањето жените да раѓаат во лежечка положба.

Барем во овој дел од светот.

За сето тоа се пишувало на порталот  IFLScience.com, кадешто велат дека денеска постојат многу познати предности на раѓање клечејќи, во седечка положба, и други пози кои ја подобруваат проодноста на родилниот канал.

Има многу докази дека токму породувањето лежејќи на грб го продолжува породувањето и ги забавува контракциите, но модерното друштво се уште не се осврнува на ова и во најголем број случаи жените раѓаат токму вака.

Инаку, оној поради кој оваа пракса станала актуелна е францускиот крал Луј 14. Тој наредил да се смени дотогашниот начин на раѓање само затоа што уживал да ги гледа жените како ги истиснуваат од себе неговите деца.

Тој живеел од 1638. до 1715. и имал 22 деца од своите жени и љубовници. Тој навистина обожавал да ги гледа породувањата и од нив правел голема помпа. Со гледачи.

Уживал гледајќи како жените раѓаат, но станал фрустриран поради нејасниот поглед на породувањето кога жените раѓале на столица. Затоа им наредил на жените да раѓаат во новата поза за да може да го види секој детал.

Притоа инсистирал на породувањата да присуствуваат и мажи. Овие нови пози за раѓање се прошириле и во другите краеви во светот, особено во западниот свет. Ова го тврди професорката Лорин Дундес во својот текст „Еволуција на родилните пози“, објавен во списанието.

Иако професорката не е сто отсто сигурна дека за новата поза е виновен само и исклучиво кралот Луј 14., многу иостражувања покажале дека тој навистина сакал да ги гледа породувањата, па некако, токму со неговото владеење се појавила и идејата за исфрлање на столчињата од родилните сали, а се донеле кревети и жените се сместувале во лежечка положба.

[better-ads type='banner' banner='999' ]