Големиот српски поет, писател, новинар и афористичар, уредник на детски радио и ТВ емисии, и се разбира, на најпознатата радио-емисија „Белграде, добро утро“ со која им почнувал секој ден на жителите на главниот град на соседна Србија, пред многу години коментирајќи го Денот на жената 8.Март, рекол:
„Денеска е осми март, празник на сожалување, празник на лаги или празник на љубов и почит – како на која жена ќе ѝ се посреќи“ (Данас је осми март, празник сажаљења, празник лажи или празник љубави и поштовања – како се веч којој жени заломило).
Иако почина во далечната 1984. година, неговите афоризми и стихови, сѐ уште се цитираат.
Издвојуваме уште еден кој им е посветен на жените:
На жените им е потребен само мал знак, навестување, еден миг, невидлив детал, повод, а потоа сѐ прават сами: сакаат, страдаат, се надеваат, фантазираат и плачат.
Во својата книга „Женски разговори“, обраќајќи им се на жените, вели: „Драги мои, мажите не се некое цвеќе и премија…Меѓутоа, колку што знам јас, сѐ уште не е измислено ништо подобро…
Во последната „машка приказна“ во оваа книга, во бескрајно забавен тон, вели: Како и да ни се претставени жените, смешни, лути, очајни, слепо вљубени или разочарани – сите тие умеат најтопло да сакаат. А дамките кои најтешко се вадат тоа се „дамките од женските солзи“. „Овие дамки се тешки обвинувања против мажите! Вашите жени се незадоволни и несреќни, другари! И наместо да се смеат и да сегалат на вашето раме, тие доаѓаат да плачат на моето!“