Најмалите деца се најизложени на ризик од каснување од куче

Кучињата се важни членови на семејството, но исто толку е важно да се запамти дека се тоа животни и дека можат да бидат потенцијален извор на повреди за децата.

0
417

Бебињата и децата на возраст до две години секоја година чинат најголем дел од децата во САД кои примаат лекарска помош заради каснување на куче, покажало американско истражување.
Со оглед на тоа што се премногу мали за да научат како се постапува со кучињата, останува родителите да научат како да го обезбедат детето во близина на куче, наведуваат авторите на истражувањето во трудот објавен во списанието Injury Prevention.

„Кучињата се важни членови на семејството, но исто така е важно да се запамти дека се тоа животни и дека можат да бидат потенцијален извор на повреди за децата“, рекла водителката на истражувањето Рита Бурк од детската болница во Лос Ангелес.

„Дури и ако семејството со деца нема куче, нивните соседи и пријатели имаат, па тоа е важно за сите семејства со деца“, вели Бурк.

Околу 37 отсто од американските домаќинства имаат куче што значи околу 70 милиони кучиња во САД, вели Бурк. Секоја година во САД се забележуваат околу пет милиони каснувања од куче, а во половина случаи жртви се деца.

За да видат кои возрастни групи се најзагрозени, научниците проучиле речиси осум илјади каснувања од куче евидентирани од 2007. до 2014. во националната евиденција за пациенти помлади од 17 години.

Утврдиле дека 34 отсто од нападнатите деца биле на возраст од 6 до 12 години, а 30 отсто биле помлади од две години.

Повеќето каснувања (84 отсто) се случиле дома. Во нешто повеќе од пола случаи, местото на каснување било лицето. Речиси 80 отсто од каснувањата се класифицирани како полесни повреди. Повеќе каснувања биле забележани кај девојчињата, но потешките повреди биле кај момчињата.

Бурк и нејзиниот тим утврдиле и дека се повредите потешки кај помладите возрастни групи и тоа го објаснуваат со фактот дека најмладите деца не можат да ги препознаат знаците на вознемиреност или подготвеноста за напад кај кучињата.

„Тоа е ситуација во која е пресуден надзорот на возрасните“, вели Бурк. „Знам дека е тешко да не се остави детето само со кучето, особено кога станува збор за член на семејството во кој родителите имаат целосна доверба, но сепак, не постои замена за надзорот на возрасна личност“. Научниот тим препорачува едукација за родителите, но и за постарите деца која вклучува и лекции како да се препознаат знаците на агресија кај кучињата.

„Кога детето е веќе каснато, особено за лице, тоа може да значи лузни и да претставува долгорочен козметички проблем“, вели др.Амр Абделгавад од тексашкиот универзитет, кој не бил вклучен во истражувањето.

„Не е едноставна одлуката во иста куќа да имате мало дете и куче“, вели Абделгавад. „Родителите мораат да преземат повеќе мерки на претпазливост затоа што детето го привлекува кучето, а и кучето се обидува да го проучи детето“.

„Главната порака е јасна: сите кучиња можат да каснат. Не е лесно да се сетиме на тоа затоа што ги сакаме своите кучиња и тие ни служат на толку различни вредни начини“, вели Дејвид Швебел од универзитетот во Алабама.

„Но ако е предизвикано, секое куче, па и најдобро истренираното и најсаканото, може да касне“.

[better-ads type='banner' banner='999' ]