Дали децата треба да си играат со пушки и со пиштоли?

Дали игрите со оружје ќе остават трага на нивната психа, односно, вреди ли воопшто да се нервирате околу тоа?

0
336

Ако имате син, сигурно барем во еден период од неговиот живот сте се прашале дали е добро да си игра со оружје. И не сте единствени, исто како што веројатно никогаш не сте добиле ниту вистински одговор на тоа прашање. Затоа ќе се обидеме да ја разоткриеме оваа вечна тема и да се обидеме да дадеме некакво упатство.

За тоа неодамна пишувала и Алден Џонс, мајка на дете опседнато со своите пушки и пиштоли.

„Тоа е познат факт помеѓу родителите на момчиња“, пишува таа, „потврден во секоја расправа за играчките и докажана со фактот дека момчињата, дури и ако при рака немаат пушки, од првиот предмет кој ќе им се најде при рака, ќе ја направат. Без оглед дали за ова ќе им послужи закачалка, шише вода или нешто трето, и без оглед колку сте вие како родител-пацифист, тие ќе најдат начин да си играат „со оружје“.

И сега се поставува главното прашање – Дали игрите со оружје ќе остават трага на нивната психа, односно, вреди ли воопшто да се нервирате околу тоа?

Ако сте фокусирани на играчката, тогаш секако ја пропуштате поентата

Исклучувањето на оружјето од животот на детето нема да направи ништо за ограничување на неговото изложување на оружје во животот, во медиумите, во видео игрите и, како што расте, во вестите. „Уште повеќе“, пишува Џонс, „секој кој ги разбира децата мора да знае дека забраните поттикнуваат уште поголем интерес кај детето, а кога нешто многу им забранувате, детето на таа тема ќе стане неискрено. Затоа подобро запрашајте се дали е поважно детето навистина да не си игра со пиштоли на вода или да ви ја крие својата љубов кон таквите играчки? Последново создава проблем во комуникацијата кој ќе почне да ги оддалечува децата од родителите, па со самото тоа ќе ја намалите можноста еден ден, кога ќе дојде време за тоа, да разговарате со нив отворено за вистинското насилство и за ризиците кои тоа ги носи со себе“.

„Затоа е добро да не се создаваат проблеми околу детската игра, дури и ако се децата луди единствено за оружје“, заклучува таа.

Добра вест е што е тоа сосема нормално за момчињата, но таа игра не ја претставува нивната агресија, туку нивни начин на игра и спознавање на односите помеѓу децата со кои си игра. Постојат дури и истражувања кои велат дека децата кои сакаат да си играат со оружје и кои сакаат да се преправаат дека се насилни во играта, тоа дури им помага да научат како да ги контролираат своите насилни пориви и да ги регулираат своите емоции.

Или е сепак подобро да ги одвоите од оружјето?

Еден друг стручњак, Канаѓанинот Кевин Наулс, исто така се осврнал на оваа тема сеќавајќи се на денот кога го однел своето четиригодишно дете на играње кај семејство чие дете имало цел арсенал оружје.

„Мајката рече дека едноставно нема смисол да му се забранува на детето играњето со оружје затоа што и онака ќе биде изложено на оружје и на насилство еднаш кога ќе порасне. Но јас сепак имам проблем со таа теорија“, напишал Кевин.

„Да, изложеноста може да биде важна за разбирање на идејата за оружјето, но тоа не значи дека со пластична пушка на детето веднаш ќе му всадите став дека е оружјето опасно, дека со него може да убиете или да загрозите нечиј живот, како ни тоа дека е убивањето само по себе погрешно. Да земеме како пример уште една опасна работа – врел шпорет, за кој детето ќе сфати колку е опасен дури ако се изгори. Затоа ни за оружјето не можат да сфатат колку е тоа опасно ниту пак зошто е воопшто забрането, ако им е заедничкото име всушност – играчка“, навел тој како пример.

И затоа според некои оружјето е сепак опасно, затоа што денеска тоа можеби може да биде пластичен пиштол на вода, а утре вистинско оружје кое убива, без детето да ја знае вистинската последица од пукањето од вистинско оружје. И тоа е проблем кој родителите сепак би требало да гио елиминираат  за да ги научат децата од мали нозе дека било каков облик на оружје и насилство е лош и дека во светот секогаш треба да се тежнее кон љубов. Особено сега кога се уште толку мали, затоа што токму во тој период и најмногу впиваат.

Конечно, останува на родителите да одлучат дали на детето ќе му дозволат да си игра со пластично оружје или не, но што и да одлучите, не заборавајте да му објасните што му прави вистинското оружје на светот.

[better-ads type='banner' banner='999' ]