Неочекувани резултати: Ваквите деца во иднина ќе заработуваат најмногу

Дури и самите истражувачи биле изненадени од резултатот

0
1369

Истражувањето кое траело долги 40 години покажало какви деца, со какви карактеристики, стануваат успешни луѓе кои заработуваат многу пари.

Но дури и смаите истражувачи биле изненадени од резултатите.

Обидете се да замислите да влезете во некое од повисоките одделенија во основно училиште и да ве прашаат на кое од тие деца му предвидувате најголем упсех, односно, најголеми приходи подоцна во животот.

Кого би го одбрале?

Оние кои изгледаат паметно, оние послушните со најдобри оценки и деца кои растураат по натпревари, деца кои се истакнуваат со спортски успеси или оние кои во моментот на вашето влегување не ве ни забележале затоа што биле зафатени со глупирање?

За сите наведени групи, освен за една, не би биле во право, затоа што има само еден точен одговор.

Немирните деца кои сакаат да им се спротивставуваат на правилата и на авторитетите, тоа се децата кои најмногу ќе заработуваат.

Истражувањето е објавено на порталот Developmental Psychology. А истражувањето почнало во 1968. година.

Имено, таа година истражувачите почнале да ги проучуваат учениците од шесто одделение на возраст од 12 години.

Ги набљудувале и запишувале податоците врзани за нивната интелигенција, однесување, карактер, како и фактите врзани за социоекономскиот статус на нивните родители.

Четириесет години потоа, тимот ги нашол своите поранешни ученици.

Децата кои претходно ги опишале како вредни, паметни, со најмногу потенцијал, ги затекнале на престижни функции, но далеку од тоа дека заработувале најмногу. Токму во тој поглед истражувачите најмногу се изненадиле, затоа што се покажало дека најмногу пари заработуваат токму најголемите немирковци и бунтовници.

Иако научно не докажале зошто е тоа така, авторите сметаат дека причина за ова е тоа што побунтовните имаат посилен натпреварувачки потенцијал, не се плашат да бидат свои и да се борат за своето па исто така и не се плашат да преговараат за покачување на платата.

Притоа, истражувачите не ја исклучиле можност дека поголемите приходи на бунтовниците би можеле да бидат резултат на недозволени активности, меѓутоа, такво нешто не пријавил ниту еден нивни поранешен ученик.

[better-ads type='banner' banner='999' ]