Зошто три (четири, пет…) деца, се полесни од едно

Колку пати сте го чуле ова, а колку пати сте превртеле со очите и сте помислиле „Глупости, јас и со ова едно едвај излегувам на крај, а камоли со три“.

0
1158

Ако засега имате само едно дете и сте доволно храбри, можеби ќе се впуштите во авантурата на кревање на наталитетот, па ќе можете да проверите дали тврдењето дека со три, четири, пет деца е полесно отколку со едно. Ако пак пред да се осмелите, сепак сакате некој стручен да ви објасни зошто и дали е тоа така, еве неколку образложенија во прилог на ова тврдење.

Самостојност

Сакале или не, постарите деца ќе можат побрзо да станат самостојни. Инаку ќе останат да седат на тоалетната шолја додека на заиспнат викајќи на цел глас: „готовоооо“. Затоа што вие едноставно нема да можете да бидете на повеќе места во исто време. .

Друштво

Вашето дете нема никогаш да биде осамено и никогаш нема да каже дека му е здодевно. Освен ако не му е навистина здодевно. Добра страна на големите семејства е што во секој момент некој има друштво. Лоша страна е што во секој момент помеѓу нив може да настапи кавга, расправа, натегање. И тоа токму во најнезгодниот момент. Но сепак, прекрасно е да се гледа како си играат, се сакаат, се почитуваат и се бранат. Дури и ако е тоа додека вие го карате едното, а другите го бранат.

Критериуми

Уште после второто дете престанувате да бидете во тек со книгите, работилниците и курсевите на тема родителство. Сфативте дека е најдобро да ги следите чувствата и да им верувате. Ако детето плаче и хистеризира, значи дека му недостасувате и го бара вашето внимание и дека една од вашите главни цели е децата да се во кревет во 9, избањати, сити, здрави, уморни и среќни. И сите на број.

Неразгаленост

Да се разгалат три деца е невозможно. Освен ако не сте милијардер. Тие ќе мора да делат соба, книги, облека, храна, компјутер, велосипед, родителите, бабите и дедовците…Или барем да се борат за нив.

Препуштање и опуштање

Не можете сѐ да контролирате, не можете сѐ да знаете. Не можете сѐ да планирате, не можете сѐ да стасате. Мора да изградите доверба кон себе, децата, партнерот, да научите да делегирате и да се грижите за себе. Затоа што вие сте она што ги спојува, што ги држи.
И на крајот, како што велат во политиката, полесно е да се управува со маса, отколку со поединец. Истото тоа важи и за семејството затоа што е тоа држава во мало.

[better-ads type='banner' banner='999' ]