Каде е најсигурно да се роди дете?

Деновиве УНИЦЕФ ја објави листата на земји со најмал и најголем морталитет. Еве каде е најсигурно место за раѓање

0
664

Според листата на УНИЦЕФ, најсигурно место на светот за раѓање на бебе е Јапонија, кадешто има најниска стапка на морталитет на новороденчињата. Имено, само едно од 1.111 бебиња умираат во текот на породувањето или по него.

Во првите пет најсигурни места за породување, освен Јапонија, се и Исланд, Сингапур, Финска и Словенија.

Иако УНИЦЕФ нагласува дека смртноста на децата во период од 1 месец до петата година е значително намалена секаде во светот, тоа за жал не е случај и кога зборуваме за новороденчињата.

Изгледа дека најголема пречка за сигурноста на новороденчињата е нивото на приходите.

„Во земјите со високи приходи на секои 1.000 бебиња умираат во просек три бебиња, а во посиромашните земји тој размер достига високи 27 на 1.000 родени бебиња. А секое од тие умирања е многу трагична, особено затоа што повеќето смртни случаи можеле да се спречат“, наведува УНИЦЕФ кој открива дека повеќе од 80 отсто новороденчиња умираат заради прерано раѓање, компликации во текот на породувањето, како и по инфекции како што се сепсата, менингитисот и воспалението на белите дробови.

Затоа задача на УНИЦЕФ е да им помогне на земјите да ја подобрат здравствената заштита и квалитетот на негата, затоа што се тоа клучни чекори со кои би требало да се обезбеди подобра заштита на здравјето на новороденчињата.

Во тие земји дефинитивно спаѓаат оние од самиот врв на оваа листа, а тоа се Пакистан, кадешто на 22 новороденчиња умира едно, а следуваат Средноафриканската Република и Афганистан кои исто така бележат висока стапка на морталитет на новороденчињата.

Еве го пописот на останатите земји со најниска и со највисока стапка на морталитет:

Најнизок морталитет:

Јапонија – 1/1.111 бебиња
Исланд – 1/1.000 бебиња
Сингапур – 1/909 бебиња
Финска – 1/833 бебиња
Естонија – 1/769 бебиња
Словенија – 1/769 бебиња
Кипар – 1/714 бебиња
Белорусија – 1/667 бебиња
Луксембург – 1/667 бебиња
Норвешка – 1/667 бебиња
Република Кореја – 1/667 бебиња

Највисок морталитет:

Пакистан – 1/22 бебиња
Средноафриканска Република – 1/24 бебиња
Авганистан – 1/25 бебиња
Сомалија – 1/26 бебиња
Лесото – 1/26 бебиња
Гвинеја Бисау – 1/26 бебиња
Јужен Судан – 1/26 бебиња
Брегот на слоновата коска – 1/27 бебиња
Мали – 1/28 бебиња
Чад – 1/28 бебиња

Македонија е на врвот по бројот на починати новороденчиња, веднаш зад Молдавија. Во земјава, едно од 120 бебиња ја губи битката за живот во првиот месец по раѓањето, објави организацијата УНИЦЕФ на почетокот на кампањата која треба да стави крај на овој поразителен тренд.

[better-ads type='banner' banner='999' ]