Се прашувате што можат да ни кажат жителите на Данска за квалитетот на живот? Епа Данска е европска држава со најголем процент на среќни луѓе – во светот.
А за да станат среќни луѓе, потребно им е квалитетно воспитување додека се деца.
Книгата Данско воспитување на децата, на авторките Џесика Џоли Александер и Ибен Дисинг Сандахи зборува токму за тоа.
Реченицата која накусо ќе ви ја претстави кусата содржина на книгата е воедно и нејзин поднаслов: Што знаат најсреќните луѓе на светот за одгледување на способни деца и деца со самодоверба?
Ако ги погледнеме резултатите од нивниот пристап кон воспитувањето, одговорот е секако – знаат многу.
Што ја прави Данска најсреќна земја на светот – и како данските родители успеваат да одгледаат среќни, успешни деца полни со самодоверба?
Овој практичен и оптимистичен советник за родители ги содржи навиките на најсреќните семејства на светот. Со јасни примери и едноставни и корисни совети, авторките претставуваат 6 основни принципи на данското воспитување собрани во акронимот P.A.R.E.N.T. (родител) составен од почетните букви на англиските зборови:
Play – Играта е нужна з аразвој и задоволство (со себе и со животот)
Authenticity – Автентичноста поттикнува развој на самодоверба и „внатрешен компас“.
Reframing – Преобликувањето им помага на децата да излезат на крај со неуспесите и со непријатните ситуации и да го задржат оптимизмот и позитивниот став.
Empathy – Емпатијата овозможува да се однесува добро кон другите.
No ultimatums – Без ултиматуми значи избегнувањ ена борбата за моќ со цел да се избегне замерувањето во подоцнежните односи.
Togetherness – Заедништвото го претставува семејното време кое го минуваме заедно во дружење секој ден. Оваа атмосфера на удобност и пријатност за кои Данците имаат посебен збор „hygge“ е едноставен, но делотворен начин на негување на блиските односи.