Мислите ли дека е добро на децата да им се забрани да имаат најдобар пријател?

„Поздрави се со својот најдобар пријател“ е реченица која во некои училишта повеќе не смее да се слушне.

0
140

Забраната да се има најдобар пријател во некои училишта во светот се должи на тоа што стручњаците сметаат дека тоа не ги изедначува децата и влијае на создавање јаз помеѓу нив.

Ова е мислење на психолозите и раководството на некои основни училишта во светот во кои терминот „Најдобар пријател“ почнал да се забранува и да се исфрла од употреба поради страв дека децата кои немаат најдобри пријатели ќе се чувствуваат изолирано.

Се почнало уште во 2013.година кога во приватното училиште Thomas’s Batterse во Лондон, кадешто моментално учи принцот Џорџ, одлучиле да почнат да ги охрабруваат децата да имаат „многу добри пријатели“.

Потоа слична пракса преземале и некои други училишта во Европа и Америка, заради што американскиот психолог др. Барбара Гринберг изјавила дека забраната на поимот „најдобри пријатели“ е многу интригантен социјален експеримент, но не и неважен, затоа што постојат многу деца кои се чувствуваат осамено и маргинализирано затоа што немаат најдобар пријател или го имале, но се отселил или пак повеќе го немаат од некои други причини.

Затоа признава дека поимот најдобар пријател им е на децата и тоа како познат и свесна е дека не може да им се забрани да остварат близок контакт со некој кој им е посебно драг, но факт е дека токму во училиштата би требало повеќе да се внимава децата навистина да имаат повеќе од еден најдобар пријател.

„Така децата стануваат посесивни, премногу бараат и премногу се концентрираат на однос со само еден пријател, што им пречи да се дружат во еднаква мера и со другите и да имаат поголемо шаренолико друштво, наместо опсесивно да негуваат однос само со една личност.

Слично мислење имаат и други стручњаци па на таа тема неодамна зборувала и експертката за семејни односи Лиз Фрејсер кога во емисијата Good Morning Britain објаснила дека децата со изборот на најдобар пријател од себе автомматски создаваат мини затворена група без можност во неа да примат ушште некој или самите да се дружат уште со некој.

А постои уште една страна на оваа медалја која Лиз Фрејсер ја нагласила од својата младост:
„Некои деца немаат најдобар пријател, го немав ниту јас, но да го имав, мислам дека тоа е беше затоа што никој друг и онака не би се дружел со нас“.

ЗНачи, некои деца се навистина присилени да си најдат себеси „пар“ за да не се чувствуваат изолирани во така „спареното друштво“.

Мислите ли дека е добро да им се забрани на децата да имаат најдобар пријател?

[better-ads type='banner' banner='999' ]