Денеска е меѓународен ден на децата заболени од малигни болести

Ракот е втората најчеста причина за смртност на децата на возраст од една до 14 години.

0
139

Со цел подигање на свесноста на јавноста и за подобро разбирање на тешкотиите со кои се среќаваат децата заболени од рак и нивните семејства, Меѓународната конфедерација на организации на родители на деца заболени од рак (ICCCPO) и нејзините членки го прогласиле 15 февруари за Меѓународен ден на децата заболени од малигни болести, чија цел е да се информира јавноста за проблемите на најмладите пациенти, да се собираат средства за нивно лекување, но и да се поттикне работата на локалните родителски здруженија.

Се претпоставува дека повеќе од 70 отсто од децата можат да оздрават во случај на навремено и адекватно лекување. Меѓутоа, само 20 отсто од децата имаат пристап до модерно лекување. Децата кои живеат во неразвиени земји прават 80 отсто од вкупниот број деца на светот.

Некои од нив се заболени од малигни болести и немаат пристап до модерното лекување.

Токму затоа во 1994 година во Шпанија е основана Меѓународна конфедерација на организации на родители на деца заболени од рак (ICCCPO), во која партиципираат семејствата на деца заболени од рак од шеесетина земји, а семејствата можат да добијат информации за адекватно лекување на нивното дете.

Лекувањето на децата заболени од малигни болести мора да вклучува комплетен интердисциплинарен тим на стручњаци. Лекувањето се состои од применувањ ена операција, хемотерапија или радиотерапија, но и психосоцијална поддршка на децата и на комплетното семејство. Меѓународен симбол на борбата против рак помеѓу децата е златната лента.

Со неа се укажува на тоа колку е скапоцен детскиот живот и не потсетува на малите херои кои секојдневно се борат со оваа болест.

[better-ads type='banner' banner='999' ]