Австриец однел дете во полиција затоа што фрлало снежни топки

Мажот е под истрага за киднапирање затоа што го однел детето кое фрлало со снежни топки по неговиот автомобил во полиција

0
240

Иритиран од детето кое со снежни топки го гаѓало неговиот автомобил, Австриец го однел детето во полиција кадешто наместо укор за немирното дете на кое се надевал, тој морал да одговара на обвиненија за киднапирање, пишува австрискиот печат.

До инцидентот дошло оваа недела во змискиот центар Обертауер во близината на Салцбург, кадешто детето се забавувало фрлајќи со снежни топки по автомобилите кои поминувале пред хотелот во кој престојувало.

Бесниот 54-годишник го фатил детето з арака и го однел до блиската полициска станица, но притоа не ги информирал за ова неговите родители.

Детето било веднаш вратено кај родителите, а против мажот е отворена истрага за киднапирање, објавила полицијата.

Што мислите вие за оваа постапка?

[better-ads type='banner' banner='999' ]