Зрачењето на мобилните и на вај-фај уредите поврзани со високата стапка на абортуси

Ризикот од абортус кај жените најизложени на електромагнетни зрачења бил дури за 2,72 пати поголем

0
485

Студијата која опфатила повеќе стотици жени покажала дека оние трудници кои биле изложени на зрачење на мобилните телефони, безжичните мрежи и далекуводите – имале три пати повеќе абортуси.

Објавена во списанието Scientific Reports, оваа студија не утврдила дефинитивно што ги предизвикува абортусите, но укажала дека влијанието на електромагнетните зрачења на бременоста мора сериозно да се истражи. „Сите им се изложени и ако постои штетен ефект, тогаш е од огромно значење“, вели воидтелот на студијата, Де-Кун Ли, репродуктивен и перинатален епидемиолог.

Научниците ги опремиле трудниците со мерачи на електромагнетни зрачења кои тие ги носеле 24 часа. Резултатите биле загрижувачки.

Додека меѓу трудниицте кои биле изложени на најмала количина на зрачења стапката на абортуси била 10,4 отсто, помеѓу останатите трудници, таа била дури 24,2 отсто.

Кога научниците ги исклучиле контролните фактори кои можат да предизвикаат абортус – мачнина и повраќање, историја на претходни абортуси, употреба на алкохол, кофеин, вирусни инфекции – утврдиле дека ризикот од абортус кај жените најизложени на електромагнетни зрачења, без оглед на расата и нивото на образование, бил дури 2,72 пати поголем.

Иако електромагнентите зрачења се денеска толку присутни, нивната опасност по здравјето е прилично слабо проучувана. Најмногу се истражувала врската помеѓу зрачењето и ракот, но бидејќи ракот се развива со децении, тешко е да се измери влијанието на зрачењето.

Ова истражување укажало дека електромагнетните зраци дефинитивно ѝ штетат на бременоста, но не и кои извори колку се опасни. Потребно е да се испита колку навистина имаат влијание, секој за себе, мобилните телефони или фенот или другите домашни апарати.

Производителите на мобилни елефони упорно се спротивставуваат на обидите овие апарати да се обележат со предупредувања, тврдејќи дека ризикот не е докажан. Меѓутоа, стручњаците советуваат телефоните да не се држат во џеб, и да не бидат близу до креветот додека спиеме.

[better-ads type='banner' banner='999' ]