Педијатрите во Србија ги тужат противниците на вакцините

Луѓето против кои поднесовме кривична пријава сееја страв и паника и заради тоа и се појави епидемијата од мали сипаници

0
298

Додека проценките на здравствените работници зборуваат дека во Србија повеќе од 1.200 лица заболеле од мали сипаници, група од 270 родители, предводени од докторите Томислав Стевановиќ од Зрењанин и Владимир Цимерман од Белград, поднела кривична пријава против 43 лица поради предизвикување на паника и неред кои во јавноста настапувале како противници на вакцинацијата на децата.

На чело на таа листа е Слаѓана Велков од Владичин Хан, докторка и авторка на блогот „Вратете го своето здравје и долговечноста“, а потоа и многу други јавни личности во Србија, меѓу кои се и некои познати имиња, како српската пејачка Јелена Крлеуша, драматургот Маја Волк, писателката Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ,…

„Во ординацијата ми доаѓаат родители кои се збунети заради мноштвото контрадикторни и застрашувачки информации за тоа дека ММР вакцината предизвикува аутизам. Луѓето против кои поднесовме кривична пријава сееја страв и паника и заради тоа и се појави епидемијата.Тие секојдневно зборуваа дека избегнувањето на вакцините е единствен начин децата да се „заштитат“ од аутизам.

Никој од нив не го спомена фактот дека доктор Ендрју Вејкфилд е исфрлен од Лекарската комора на Велика Британија и ја изгубил лиценцата за работа откако во списанието „Лансет“ објавил напис за тоа дека ММР вакцината предизвикува аутизам.

Се обидовме со научни докази да се бориме против агите на овие луѓе, но работите отидоа предалеку. Моментално имаме 1.200 заразени и немаме време за губење“, истакнува Стевановиќ за српска „Политика“.

Тој истакнува дека здруженијата „Граѓаните против шарлатанството“ и „педијатрија заснована на докази“ минатата година формирале група која по правен пат тргнала во бробра против противниците на вакцините и додава дека поднесувањето на кривични пријави е единствен начин да им се застане на пат на оние кои шират паника и страв и така го загрозуваат здравјето на целата нација.

„Мислам дека бев во право кога ви укажував дека алтернативната медицина и движењето против вакцинација се дел од најорганизираната и најбогатата мафија на глобално ниво. Процентот на вакцинација со ММР во поголеите градови падна на 60 отсто. Епидемијата од мали сипаници наскоро ќе има последици како во Романија кадешто заболеле речиси 10.000 луѓе, а 32 деца умреле“, истакнува др.Томислав Стевановиќ.

[better-ads type='banner' banner='999' ]