Славниот готвач Џејми Оливер ги повикал државните органи да ја забранат продажбата на енергетски напитоци на децата затоа што се сомнева на поврзаност на потрошувачката на напитоците и лошите училишни резултати.
Џејми Оливер го поддржал повикот на Националниот совет за образование да се постави старосна граница од 16 години за продажбата на енергетски напитоци.
Тој додал дека владата би требало да се придржува до насоките кои веќе постојат на многу конзерви на кои пишува дека енергетските напитоци не се погодни за деца.
„Ако компаниите кои произведуваат енергетски напитоци ни сугерираат дека нивните производи не се препорачуваат за деца, зошто десетгодишник може да ги купи кога ќе посака?“ – прашува тој.
„Итно е потребно владата да постави старосна граница за продажба на енергетски напитоци“.
Дури 69 отсто од тинејџерите и 24 отсто деца под 10 години, во Велика Британија ги консумираат овие напитоци.