Ако е неизбежен тогаш направете се барем помаку да боли, особено ако имате деца.
Бидејќи разводите станаа речиси исто толку чести како и венчавките, не е лошо да се види како тоа функционира денеска во светот и, се разбира, да се научи нешто што ќе им биде од помош на сите.
Според порталот Pure Wow, во кој се цитирани неколку стручњаци за развод на бракот, ова се најновите трендови во разводите.
Живеат во близина
Иако родителите почнуваат нов живот, детето најчесто останува во домот во кој живеело, а еден од родителите се сели во близина. На почеток тоа изгледа како добро преодно решение, но се покажао дека многумина продолжуваат да живеат така до поллнолетството на детето. Така детето не ја чувствува трауата од развиодот затоа што продолжува да живее во позната средина, а секојдневно ги гледа и двајцата родители.
Родителство 50/50
Во согласност со трендот што се повее родители продолжуваат да живеат во непосредна близина, се попопуларен е трендот на заедничко, односно, родителство пола/пола, такашто иа се помалку од оние кои се преку недела со мајката, а за викенд со таткото.
Децата се почесто се три дена кај едниот, па четири дена кај другиот родителл, а потоа следната недела е обратно. Така децата се помаку растргнати, а родителите во меѓувреме можат да ги наполнат батериите и повее да им се посветат на децата.
Дула за развод
Оние кои се секогаш при рака за што треба во текот на разводот. Тие се советници, мајки, пријателки и помошнички. Даваат стручни совети и раме за плачење. Дулата Лин Каплан во Торонто работи како тренер за развод на брак и посветена им е на клиентите на секое поле – советник, адвокат, односно, познавач на законите и правните процеси, родителски советник, лекар за ментално здравје. Се што треба.
Продолжуваат да живеат/работат заедно
Некои двојки не само што продолжуваат да живеат во близина, туку продолжуваат да живеат илли да работат заедно. Ако иаат заедничка фирма, и натаму иаат заеднички цео во врска со фирмата па ја продожуваат заедничката работа.
А ако се двајцата свесни дека трошоците се две домаќинства ќе им ги зголемат трошоците за живот, едноставно одучуваат да продолжат да живеат заедно како цимери. Секако, секој во својот дел од истото домаќинство.
Апликации за разведени родители
Кога постојат за се и сешто, зошто да не постојат и за разведените родители. Заедники планер за деење на инфорациите со календарот за обврскиуте на децата, промена во рпдотелскиот распоред, организирање на активностите на децата, следење на медицинските прегледи, следење на трошоците врзани за детето.Понекогаш пробемите помеѓу разведените двојки доаѓаат токму поради неорганизираните панови, погрешната комуникација и недоразбирањата, а ваквите апликации тоа го ограничуваат.
Често ги минуваат викендите заедно
Овој тренд е во пораст, но се уште не е толку чест. Но двојките кои продолжуваат да живеат во близина и иаат добра меѓусебна комуникација, често знаат да ги минуваат викендите заедно како семејство. Секако, тоа го прават заради децата, заради чувството дека на децата ништо и никој не треба да им недостасува и после разводот.