Една мајка од Небраска на својот Фејсбук профил ги предупредува сите родители да обрнат внимание и доколку кај своите деца забележат нешто слично да се јават на педијатар.
„Син ми се врати дома од училиште со осип на лактите. Дури и кога ќе се изгребе, му се појавува повеќе. Се обидовме со капење и ја сменивме облеката, но ништо не помогна.
Го повикав неговиот педијатар. Тој ми кажа дека истиот ден кај него се јавиле уште две деца со истите симптоми кај кои биле направени тестови кои покажале дека се позитивни за грип.
Изутрината го однесов кај докторот и му беше дијагностиицран грип. Тој немаше симптоми. Немаше треска, немаше кашлица и немаше течење на носот. Тој имаше само осип. Ве молам, ако забележите кај вашите деца вакви симптоми, однесете ги на лекар. Никогаш не сум слушнала за овој симптом, но очигледно е нешто на што треба да се обрне внимание“, вели Броди Вилард.
Сега, нејзиното шестгодишно синче Себ е добро, но Вилард вели дека слушнала за неколку фатални случаи на грип кои ја загрижиле дека и таа можела да го изгуби својот син.
„Не размислував за тоа, но има деца кои умреле поради грип“, вели таа. „Луѓето треба да сфатат дека ова е нешто што е многу опасно. Децата се жилави, но кога ќе почнат да се разболуваат, брзо паѓаат и тешко се враќаат назад“, вели оваа мајка.