Како да им помогнете на децата во текот на разводот

Поттикнувајте го детето да се дружи со другиот родител без оглед на тоа колку сте му лути или огорчени.

0
434

Разводот е еден од најстресните периоди за сите членови на семејството, но дефинитивно, колку и да се трудат возрасните, децата сепак најмногу страдаат. А замислете како е кога родителите наместо на децата и на нивните чувства, мислат на себе.

Двајцата родители треба подеднакво да се трудат и да внимаваат периодот на разводот да помине колку што е можно побезболно за децата. Бидејќи е тешко да се остане во добри односи со поранешниот партнер и да се влијае на неговото однесување после разводот, преостанува да си посветите посебно внимание на себе и да му помогнете на детето колку што е во ваша моќ.

Еве неколку стручни совети со кои можете да им помогнете на своите деца во текот на разводот.

Детето треба да се чувствува пријатно кај двајцата родители

За почеток детето треба да сфати дека од моментот кога неговите тродители ќе се разведат тоа има два дома. Важно е да нема чувство дека кај едниот родител оди само во посета, туку дека и кај двајцата оди во своја куќа. Децата треба да почувствуваат дека не сте се развеле од нив и треба да знаат дека без оглед на разводот, двајцата родители ќе бидат тука секогаш кога ќе треба. Чувството на сигурност е она што му е најпотребно на детето. Исто така е важно детето да има свој простор во двата дома.

Времето поминато со детето како приоритет

Во случај на развод, важно е некое време секој слободен момент да го поминувате со децата. Сѐ друго ставете во втор план и посветете им се на децата. Правите некои забавни работи, одете во парк, во кино, во театар… Не дозволувајте било што да ви стои на патот и времето поминато сo децата нека ви биде приоритет.

Детето треба да поминува време со двајцата родители

Ќе биде болно, тоа е факт и никој на светот не може да каже дека е разводот лесен, но обидете да заборавите на повредената суета и мислете на доброто на децата на кои им се потребни двајца родители. Поттикнувајте го детето да се дружи со другиот родител без оглед на тоа колку сте му лути или огорчени.

Детето не треба да ги слуша вашите кавги

Ова е правило и за оние кои се во брак, но особено за оние разведените. Никогаш не се карајте пред децата околу некои стари недоразбиња меѓу вас, околу алиментацијата или начинот на воспитување. Исто така, по никоја цена не го користете детето како курир кој ќе ги пренесува пораките помеѓу вас. И секако, не зборувајте лошо за поранешниот партнер.

Двајцата родители треба да се обврзат на долгорочна поддршка на детето

Детето ќе биде ваше до крајот на животот и тоа нема врска со разводот. Ова значи дека сте должни на детето да му пружите љубов, сигурност, финансиска поддршка. Издигнете с енад недоразбињата со партнерот, бидете подобар човек и не го запоставувајте своето дете.

Одвојте ги своите од потребите на детето

Слушајте го детето кога сака да разговара, дозволете му да се изрази кога ќе почувствува потреба за тоа. Дозволете му да каже искрено што мисли за сѐ што се случило и обидете се да бидете објективни дури и ако детето смета дека сте вие виновни за нешто. Побарајте помош од пријателите и семејството во текот на тешкиот период, детето нека биде опкружено со луѓе кои го сакаат и слушајте ги неговите потреби.

[better-ads type='banner' banner='999' ]