Знаете ли што значат сите оние силни удари во стомакот на мајката?

Колку е нормално да се мрда бебето, дали е подобро бебето да е активно или не. Има ли тоа воопшто некакво значење – бројот на ударите и активноста на бебето?

0
1269

Ако ги прашате трудниците дали знаат зошто нивните бебиња толку силно тропаат однатре и дали тоа им пречи, сигурно ќе ви одговорат дека не им пречи.

Тоа е чувство кое едноставно не може да се опише со зборови. Некогаш боли, некогаш и пречи затоа што изгледа дека бебињата се особено активни тогаш кога мајката сака малку мир и сон, но едно е сигурно – секоја мајка го сака баш секој удар на бебето. Од она прво чувство како да се препелка пеперутка во вашиот стомак, до последниот удар пред да излезе надвор, сето тоа за мајката значи само едно – дека бебето е живо.

Но секоја мајка има дилеми: Колку е нормално да се мрда бебето, дали е подобро бебето да е активно или не. Има ли тоа воопшто некакво значење – бројот на ударите и активноста на бебето? Порачува ли нешто бебето со секој свој посилен удар?

Како одговор на сите овие прашања, еве неколку факти за тоа:

1. Зачестените удари значат дека е ввашето бебе здрао и дека нормално се развива
2. Бебето реагира на надворешните дразби – особено на звукот, затоа што на тоа реагира и секој човек.
3. Повеќе удираат кога лежите на левиот колк и тоа затоа што во таа поза бебето автоматски добива малку повеќе крв што аввтоматски поттикнува поголема активност.

4. Активноста е поголема откако мајката добро ќе се најаде – и бебето тогаш е добро најадено.

5. Бебињата се мрдаат многу порано отколку што може да почувствува мајката. Обично се вели дека првите движења се чувствуваат посе 13.недела, но бебињата почнуваат со своите активности веќе на 9 недели но со оглед на нивната големина во тој период и се уште доволно големиот простор во матката, тие не се чувствуваат.

6. Намалената активност е причина за грижа. Некои бебиња се помалку активни, но сите тие би требало доста да удираат однатре. Затоа, ако бебето обично било активно, а потоа наеднаш покажува намаена активност – тоа е причина за грижа затоа што покажува некое отстапување во развојот и воопшто, во здравствената состојба на фетусот.
7. Најголема грижа мајките чувствуваат пред крајот на бременоста, но мора да знаете дека активноста на бебето често се намалувва после 36 недела од бременоста, со оглед на тоа дека бебето тогаш навистина нема доволно простор за „спорт“.

[better-ads type='banner' banner='999' ]