Повеќето не го поддржуваат доењето во јавност? (ВИДЕО)

Додека некои жестоко го поддржуваат доењето, други жесто се спротивставуваат на истото кога се случува во јавност.

0
214

Во последно време сѐ повеќе се зборува за доењето во јавноста и непријатностите кои ги доживуваат мајките кои само сакаат да си ги нахранат децата на јавно место. Додека некои жестоко го поддржуваат доењето, други жесто се спротивставуваат на истото кога се случува во јавност. Во прилог на ова зборува и видео експериментот кој за кратко време стана вирален.

Имено, Јутјуб ѕвездата Џој Саладс со својот експеримент сакал да покаже колку луѓе ги осудуваат мајките кои ќе одлучат да ги подојат своите бебиња на јавно место.

Некои луѓе во видеото биле сосема пристојни кон „мама“ Емили и ѝ давале поддршка додека ја „доела“ куклата, но судејќи по снимката повеќето немале разбирање.

Каков е вашиот став кон доењето во јавност? Сметате ли дека овој чин на било кој начин ве навредува вас и вашето постоење во тој момент? И што е тоа што најмногу ве шокира во ова видео?

[better-ads type='banner' banner='999' ]