Дали моето дете е нормално?

Кои се најчестите прашања што ги гуглаат новопечените родители, особено мајките? Дали и вас ве мачат токму овие прашања?

0
545

Можеби и самите ќе се најдете во оваа статистика затоа што родителите, а особено мајките на порталите и форумите често бараат совети и ги интересираат многу работи на секојдневна база.

Понекогаш изгледа дека поголемиот дел од „воспитни“ прашања не можат да поминат без кавга, меѓутоа, кога се тема најинтересните прашања, тука секој одговор за оној што го поставува вреди  злато.

Екипата на американскиот портал Pure Wow, се обидела да одгатне како се однесуваат мајките и татковците на таквите форуми и што ги интересира најмногу.

Судејќи според нивното истражување, ова се најчестите прашања, но тие се однесуваат на американските родители.

Колку чини дадилка? 

Американските со нивниото минимално породилно отсуство, најмногу ги мачи прашањето колку би требало да платат за дадилка, дали дадилката треба да се грижи само за детето или и за домаќинството и слично. Тоа се прашања кои ги мачат повеќето млади мајки во Америка, а по сѐ изгледа дека и кај нас станува сѐ поактуелно.

Како да му се помогне на бебето да спие подобро

Социјалните мрежи се преполни со групи за помош за подобро спиење на бебињата, а секоја од нив има поголем број членови и сите тие бараат одговор на прашањето како бебињата да спијат подолго и подобро? Штета што ова универзално прашање, нема и универзален одговор.

Како да се врзе марамата? 

Уште едно често прашање во ова модерно време е и она како да се заврзе марамата со оглед на тоа што и носењето на бебето во марама е многу популарно. Иако можат да с енајдат многу одговори, изгледа дека мајките најмногу му веруваат на Јутјуб кадешто туторијалите со совети за различни стилови на врзување на марамите зараборуваат милионски прегледи и лајкови.

Зошто моето дете не сака да јаде ништо освен леб

Ако и вашето дете е пребирливо веднаш ќе сфатите зошто е ова прашање помеѓу најчестите. Затоа на социјалните мрежи се сѐ попопуларни „стручњаците“ кои објавуваат рецепти кои се здрави, а прилагодени кон желбите на децата.

Дали е моето дете нормално?

Заради сите модерни совети и препораки за децата, родителите често си поставуваат и едно неверојатно прашање: „Дали е моето дете нормално“? Ако сакате доказ за ова само искуцајте во пребарувачот на еден од најпопуларните светски портали за родители и деца, Baby Center, и ќе ви излезат повеќе од 1.300 различни поими како: дали е нормално што моето дете ползи наназад, дали е нормално што сака да јаде кучешка храна, дали е нормално што моето дете постојано лаже….

И како што велат на порталот Pure Wow, одговорот на сите тие прашања е ист – да, нормално е, исто како што е и нормално родителите да се прашуваат за истото.

[better-ads type='banner' banner='999' ]