СИЛЕЏИИ НА УЧИЛИШТЕ

0
537
Силеџиство се повеќе расте меѓу  децата, особено во училиштата, кога се собираат во групи. Иако, повеќето малтретирања се случуваат во училиштата,  наставниците често не го алармираат проблемот како сериозен. Се има став, како: „ Сите сме поминале низ тоа“.
Има и многу родители кои се согласуваат со тоа. Според едно истражување, речиси  50 отсто од родителите реагирале дека заплашувањето на децата во училиште не е сериозен проблем.
Но, за децата малтретирањето од други деца е многу сериозно. Има луѓе кои се носат со овие проблеми во текот на целиот нивни живот. Во најлош случај, овој вид малтретирање можно е и да доведе до самоубиство.
Поради загриженоста за растот на насилството училишта во некои земји  донеле програми за анти-малтретирање на сите возрасни нивоа. Но, децата повеќе сакаат да им  кажат на родителите дека се малтретирани отколку на  училишните власти, така што колку повеќе знаете за малтретирањето, подобро можете да го заштитите вашето дете.
ЗОШТО ДЕЦАТА ЗАДЕВААТ
Постојат разни начини за силеџиство: исмевање со погрди имиња, удирање, изнудување пари,  ширење непријатни гласини се само неколку, а мотивацијата е секогаш иста. Тепачите  намерно се поставуваат така за да повредат некого, физички или психички, кој е помалку моќен отколку што се тие:  помали, послаби , посиромашни.  Децата не може да се сметаат за силеџии се до нивната четврта или петта година. Сепак, дури и на две или три години некои деца се значително поагресивени од други . Ова може да е сигнал за можност детето да прерасне во силеџија кога ќе порасне. Малтретирањето се учи, не е  вродено однесување.
КОИ СЕ НАЈЧЕСТИ  ЖРТВИ
Од рана возраст, некои деца изгледа дека имаат особини кои ги прават  жртви. Во студијата од 1995 година истражувачите зборувале со група од градинка на стартот од годината и  22 отсто изјавиле дека се задевани од други деца.  До крајот на годината, само 8 отсто се пожалиле на тоа, што значи дека насилниците го  стесниле својот фокус.  Зошто некои деца продолжуваат да бидат злоупотребени, а други не? Една од теориите е дека срамежливите или вознемирени децата се природно попримамливи мети. Друга е дека децата кои се малку пасивни – кои не протестираат или кои плачат ако некој друг му грабне играчка – се отвораат себе си за идни напади.
Како што децата растат, емоционална злоупотреба има тенденција да го замени физичкото силеџиство.
СТРАТЕГИИ ЗА ПОМОШ НА ДЕТЕТО ДА СЕ СООЧИ СО НАСИЛНИЦИТЕ
Разговарајте со вашето дете за неговиот ден. Најдете време за тивок момент и запрашајте отворено: „Што е најдоброто нешто што ти се случило денеска? Најлошото? Што направи на одмор? Од разговорот може да се насети дали можеби нешто не било како што треба.
Знаци на малтретирање. Искинати алишта, исчезнати работи, барање екстра пари  за ручек, како и одбивање да оди на училиште, може да бидат индикации дека детето е малтретирано. Децата може да се жалат на главоболки или болка во желудникот – или за да се избегнат училиште или поради некој стрес. Може да се однесуваат  тажно или луто, а можат да имаат напади на несоница или мокрење во кревет.
Забележете ако  вашето дете не може само да се справи со проблемот. Понекогаш родителите му кажуваат на детето: „Спротивстави се на насилникот и кажи му дека не ти се допаѓа тоа што се случува“. Но, детето најверојатно се обидува  нешто секој пат, но тоа не му успева.  Ако тоа  може да го реши проблемот сам, сигурно би го направил тоа.
Детето нека знае дека ви е мило што ви кажало за проблемот и дека ќе му помогнете. Ако се работи за задевање наместо сериозно малтретирање, зборувајте со детето за нештата што би можело самото да ги преземе. Децата кои се закачаат сакаат нивните жртви да плачат или да бегаат. Тоа ги прави да се  чувствуваат моќно. Родителите треба да ги советуваат своите деца кои се жртви на вакви ситуации, да се спротивстават мирно со што ќе направат „закачковците“ да изгледаат глупаво. Проблематичните деца не престануваат со закачките веднаш по првиот пат, но, на крајот сепак победува  детето кое е задевано.
Не двоумете се да се јавите во училиштето. Ако малтретирањето не запира, водете евиденција за датумите и имињата на оние кои се вклучени во малтретирањето на детето и сето тоа приложете  го на училишната управа. Децата често не сакаат нивните родители да кажат во училиштето за нивното малтретирање. Објаснете им дека е важно тоа да го знаат наставниците, за безбедноста на учениците.
Уверете го  детето. Ваквите закачки на училиште, можеда биде удар за самодовербата  на детето. Нека вашето знае дека го сакате и дека не направило ништо за да заслужи таков третман. Јасно укажете му дека во целата ситуација, силеџијата е тој што е виновен. Ако сте искусиле нешто слично кога сте биле дете, кажете му го тоа на детето дека, за да не помисли дека е единствениот на кого му се случува такво нешто.
[better-ads type='banner' banner='999' ]