Како да се преговара со тинејџер кој сака тетоважа?

Ако вашето дете сака промена и нов изглед, можеби можете да се договорите...

0
489

Ако имате тинејџер кој посакал да си стави тетоважа, сигурно не ви е сеедно. Веројатно првиот нагон е да му забраните било какво „шарање по телото“ и да му исчитате лекција, но и самите знаете дека тоа ќе резултира само со револт и во најлош случај, со самостојно одење во салон за тетовирање, кој веројатно, доколку тетовира малолетници без дозвола на родител, може да има сомнителен статус.

За да најдете заеднички јазик со својот тинејџер или тинејџерка, ви предлагаме смирено да седнете со своето дете и да поразговарате за следниве теми:

1. Дали ги знае сите последици?

Тетовирањето боли, а уште поболна е постапката за отстранувањ ена тетоважата. Новите тетоважи мораат да се заштитуваат од вода и од сонце и редовно да се мачкаат со одредени препарати за нега. Дали е вашето дете свесно за сето ова и дали е подготвено за таква одговорност?

2. Постои ли некој друг начин на кој може да ја одрази креативноста?

Ако вашето дете е желно за промена и за нов изглед, можеби можете да се договорите и наместо тетоважа да му предложите мејковер на гардеробата, нова фризура, преуредување на собата по негова односно по нејзина желба…

3. Постои ли доволно добра причина за тетоважа?

Некои тинејџери сакаат со тетоважа да го одбележат губењето на некоја сакана личност или некој важен пресврт во нивниот живот. Тоа е секако многу подобра причина од пишувањето на името на моменталното момче или девојка на своето тело.

4. Каде сака и што сака да тетовира?

Дали сака некој мал симбол или некои зборови на дел од телото кој не е многу видлив или сака половина рака да ишара со змејови и разни симболи? Ако станува збор за тетоважа која ја видело кај позната личност на која ѝ се воодушевува, обидете се да му објасните дека на таа иста личност после 5 години веројатно нема ни да се сеќава. Исто така, обидете се да го предомислите доколку станува збор за кич ликови од цртани филмови, бебиња со рогови или слични мотиви кои сигурно ќе им здодеат кога ќе пораснат. Доколку имате ќерка најпаметно е ако веќе не можете да ја предомислите, тогаш барем да ѝ предложите да не се тетовира на бедрата или на градите.

И секако, на крајот, барем нека ви вети дека ќе направи само една тетоважа и одете заедно во салонот.

[better-ads type='banner' banner='999' ]