Ова е добра мотивација да ги натерате децата да го изедат појадокот до крај.
Сите знаеме дека е појадокот најважен оброк во денот и пат до здравје, добро варење и витка линија, а новите истражувања покажуваат дека тоа не прави и паметни.
Истражувањето е спроведено во една градинка во Пенсилванија, а се спроведувало на деца кои јаделе појадок редовно или помалку редовно.
Децата кои секое утро јаделе појадок покажале најдобри резултати на тестовите за интелигенција и воопшто, подобро се концентрирале, велат истражувачите.
Тие ги надминале резултатите на децата кои не појадуваат, дури за 4,6 отсто, а стручњаците велат дека е тоа така затоа што појадокот им обезбедил „гориво“ за продуктивен ден и дека навиката за консумирање на појадок помага за развој на мозокот, како и на детскиот вокабулар во периодот кога тој се развива.