Успивање со доење – добра или лоша навика?

Сите велат дека бебето треба само да заспие, но секоја вечер, доењето е она што најефикасно го заспива вашето бебе. Дали е тоа лошо?

0
340

Жените од секогаш ги заспивале своите бебиња со доење. Бебињата заспиваат кога им е топло, удобно и кога се задоволни и исполнети. И некако, милиони и милиони луѓе научиле подоцна да заспијат и без брадавица во устата. Со други зборови, не постои оправдана причина заради која би требало да престанете со успивањето на бебето со доење, ако е тоа она што функционира кај вас.

„Зошто би сакале да си го отежнете животот?“, вели Денис Алтман, советничка за доење. „На бебињата доењето им е повеќе од храна, за нив е тоа врска и целосно е нормално да заспијат во текот на доењето. Тоа ги смирува и ги теши, а убаво е и за мајката“.

Сепак, со време ќе морате да воведете промена. Некои мајки ја имаат та среќа нивните бебиња самите да се одвикнат од заспивањето со доење, а некои мораат да воведат нови ритуали за спиење, што најчесто вклучува читање книги, пеење или нежна купка пред спиење. „Одлучете сами кога е најдобро време за одвикнување на бебето од заспивање со доење, а откако ќе донесете одлука, држете се до неа“, вели Рејли МекАлистер, педијатарка и авторка на книгата. „Доследноста е клуч на успехот“.

[better-ads type='banner' banner='999' ]