Правила кои родителите најчесто ги кршат кога детето е болно

Кога децата се болни често знаеме да ги смениме приоритетите и да ги прекршиме воспоставените правила.

0
804

Еве ги најчестите правила кои ги прекршуваме кога се децата болни:

Послужување здрава храна 

Кога е детето болно и не сака и не мое да јаде е бидете пресрени ако изеде макар и залче. Затоа не чуди фактот дека е ова правилото кое родителите најчесто го кршат. Чоколадо за појадок? Пица за ручек? Се е дозволено се додека детето сака да го јаде тоа. Секако, кога ќе оздрави, ќе се вратите на стариот план за исхрана, што нема многу да му се допадне.

Ограничување на времето пред екранот

Иако секојдневно се придржувате до распоредот што сте му го одредиле на детето за тоа колку време смее да помине пред екранот, веројатно договорот ќе падне во вода кога детето ќе се разболи. Кога е безволно и не може да си игра, очекувано е дека ќе поминува повеќе време гледајќи ТВ. Можете успешно да го замените ова и со тоа што ќе му читате.

Редовно миење на забите

Кога е детето болно, понекогаш знае да заспие порано или едноставно не се чувствува доволно добро за да станува од кревет, па повременото прескокнување на миењето на забите во тој случај може да се толерира. Погрижете се кога ќе оздрави да им се врати на здравите навики.

Поттикнување на пристојно однесување 

Секое „молам“ и „благодарам“ децата треба да го сметаат за нормален начин на комуникација, но кога е детето болно, веројато нема да барате од него да се заблагодарува за секоја работа што ќе му ја донесете во постела или за се што ќе направите за него.

[better-ads type='banner' banner='999' ]