Превенцијата е најважна па ви ги даваме најважните упатства како природно да го кренете имунитетот на децата, особено на оние што одат во градинка, кои, особено во зимскиот период се најизложени на вируси.
Облечете ги во слоеви
Ако вашето детре оди во градинка, знајте дека е таму многу топло и дека децата играјќи се потат ако на себе имаат премногу облека. Затоа не им облекувајте хулахопки под пантолоните и облекувајте ги во слоеви за да можат полесно да ги соблечат.
Балансирана храна
Храната е лек и може да биде одлична превенција за болестите па во зима особено внимавајте вашето дете да јаде повеќе овошје и зеленчук, здрави масти и природни намирници со помалку шеќер и готова храна. За превенција не е важен само витаминот Ц, туку токму здравата и балансирана исхрана со сите потребни витамини и минерали.
Мијте раце
Најлесен и најбрз начин за пренесување на вируси и бактерии се валканите раце. Затоа мора редовно да ги мијат иако можеби навидум им се чисти. Кога ќе ја стекнат оваа навика, помалку ќе се грижите.
И спиењето е важно
За да биде имунитетот како што треба да биде, децата како и сите други мора да бидат одморни па затоа квалитетот и количината на сон е од исклучителна важност и кога зборуваме за превенција од болести.
Избегнувајте болни
Тешко е да се каже ова затоа што никогаш не може да знаете колку деца се мрсулави и со вируси во градинката кадешто оди вашето дете, па е често невозможнпо да ги избегнете, но затоа е важно да го послушате оној чест совет на воспитачките во градинките кога ќе ви кажат да не го носите детето кое почнува да настинува.
Проветрувајте ја просторијата
Уште една важна работа во борбата против вирустите е свежиот, чист воздух па трудете се почесто да проветрувате и така полесно ќе се ослободите од вирусите кој најмногу ги има во затворените простории.
Почесто одете надвор
Ако дететоп не е болно и ако има затнато носе, престојувањето на отворено најдобро ќе му помигне да му се одзатне носот, да се смират воспалените слузници, да се прочисти организмот и така да му се помогне на детето природно да се избори против вирусите.
Се разбира, најдобро е кога би можеле почесто да ги носите на планина или надвор од градот. Еве викенд е, па право на Водно или во најблиските села.