Правила за успешно заедничко родителство со бившите партнери

Родителството со поранешниот партнер е предизвик кој може да се совлада

0
591

Понекогаш работите во животот не одат онака како што сме замислиле и луѓето едноставно се разведуваат. Разводите и разделбите кои вклучуваат и деца се најчесто најболни и најтешки затоа што родителите освен што го решаваат својот приватен хаос, мораат да се грижат и за тоа како сето ова е се одрази врз нив.

Една од работите кои со време ќе дојдат на ред, ако не и веднаш, е со-родителството со бившиот/бившата, а какво ќе биде тоа зависи и од начинот и причините поради кои сте се разделиле.

Психолозите истакнуваат дека разводот е тежок за сите членови на семејството и по него сите се чувствуваат ранети и се борат и со други чувства, како што се неуспех, напуштеност, губиток…

Таквите чувства можат да бидат причина за многу лош однос помеѓу бившите партнери, па со-родителството може да стане напната и натпреварувачка трка во кој едниот родител го оцрнува другиот, го намалува неговиот авторитет, а неретко преку децата се испраќаат и злобни пораки и почнуваат подбуцнувања.

Ако навистина искрено сакате вашето дете што помалку да страда за време на разводот или привремената разделба, еве неколку правила до кои би можеле да се придржувате:

1. Немојте постојано да бидете негативни
Да, разводот е лоша работа и остава психички последици. Но ако со бившиот постојано ги прераскажувате сите проблеми и последии и постојано така одново и одново, нема да постигнете ништо конструктивно. Напротив, постои можност вашиот однос да стане уште понегативен затоа што постојано ќе ги „освежувате“ проблемите како отворени рани. Значи, советуваат стручњавите, во еден момент ќе мора да се помирите со тоа дека вашиот однос не успеал и да се свртите кон иднината, која подразбира и заедничка грижа за децата.

2. Своите најлоши чувства покажувајте ги само пред луѓе на кои и верувате
Можеби вашиот поранешен партнер набрзо нашол нова девојка и пред да им стане врската посериозна, веќе им ја претставил на децата. Поранешната партнерка „заборавила“ да го плати својот дел од часовите по балет кои ги посетува вашата ќерка. Да, сето ова се потенцијални причини за лутина, но внимавајте пред кого ја изразувате. Нема потреба сите ваши соседи да знаат дека се чувствувате луто и предадено, ниту пак за ова треба да знае продавачката од локалниот маркет. Зошшто? Не заборавајте, луѓето сакаат да озборуваат и ги сакаат сочните детали од туѓите животи. Ако случајно еднаш се смирите, ќе се најдете во непријатна ситуација кога е морате да се среќавате со луѓе на кои сте им ја „отвориле душата“.

3. Не „плукајте“ по екс-сопругот/сопругата пред децата
Децата се секогаш најсилно оеужје и триумф во ваквите веќе загубени битки. Разведените двојки обично тешко се контролираат да не се оцрнуваат меѓусебно, но стручњаците предупредуваат дека е тоа посебно опасно. Имено, децата поинуваат или барем треба да поминуваат пола време со секој родител и се доживуваат себеси како половина од секој од нив. Ако почнете да зборувате лошо за едната половина, децата конечно е имаат негативни чувства и за самите себе. Како најлоша последица, со време ќе сфатат што прават, па постои голема можност дека ќе се свртат кон вас.

4. Зборувајте убави и позитивни работи пред децата за бившшиот партнер/ка
Ако сте го совладале правилото број 3, време е за следното: Треба да ги пофалите добрите дела и трудот на својот поранешен партнер или партнерка. Односно, ако ги однесат децата во театар, на излет, не превртувајте со очите и не го сфаќајте тоа веднаш како се труди премногу. Наместо тоа, кажете дека тоа е извонредна идеја и најдете во себе сила за убави зборови. На децата тоа многу ќе им значи – да видат како родителите убаво им се согласуваат барем во некои ситуации.

5. Немојте да сте дрски и безобразни додека не добиете целосни информации

Бившата задоцнила да го земе детето од градинка. Тоа е добра причина за лутење, но не ја напаѓајте пред да ги добиете сите аргументи затоа што на тој налин ќе си заштедите доста нерви и негативни емоции. Можеби иала објективна причина за доцнење? Фокусирајте се исклучиво на проблемот и на тоа како да го решите, а избегнете ја непотребната расправија.

6. Експериментирајте и прифаајте ги идеите на другата страна
Вашиот поранешен партнер сака да ги земете децата откај него, вие сакате да ги доведе самиот. Прекрасна причина за кавга! Наместо тоа, бидете отворени и флексибилни, подготени да пробате нешто ново, односно, она што го предлага другата страна. Видете како функционира тоа, па можеби ќе се изненадите од резултатот. А можеби и има дора причина за ова.

7. Некои одлуки препуштете им ги на децата

Бившиот партнер набавил билети за кино за пеиод кога децата треба да бидат кај вас. Не се инаетете и не инсистирајте на договорот. Ако се доволно возрасни да можат самите да одлучат, дозволете им да одберат не обидувајќи се да ги поткупите со нешто попривлечно. Немојте да бидете тажни или да им набивате на децата чувство на вина ако ја одберат другата страна.

8. И натаму правете заедно некои работи
Не е некоја новост дека децата чии родители се разведени би сакале тоа да не е така. Затоа за нив времето што ќе го поминат со обајцата, макар и на кратко, е им биде драгоцено. Разгледајте ги вашите можности – заедничка вечера еднаш месечно или излет? Можеби заедничка прослава на роденденот или пак заеднички е ги отварате боикните подароци, одлучете сами, но имајте на ум колку тоа им значи на децата.

[better-ads type='banner' banner='999' ]