Тврдењето дека мајките не се единствените кои страдаат од постпородилна депресија неодамна го докажале стручњаците од универзитетската клиника од Франкфурт кои за потребите на истражувањето собрале 300 двојки и со нивна помош дошле до одговори.
Анализата на податоци покажала дека од тие 300 двојки со деца, дури 15 отсто мајки имале некои симптоми на постпородилна депресија, а изненадувачки е податокот дека од неа страдале и мажите. Дури 5 отсто пријавиле некаков облик на депресија по раѓањето на детето.
Од симптомите кои ги навеле, мажите со доаѓањето на бебето забележале засилена потиштеност, недостаток на енергија, низ главата им се роеле негативни мисли, ги обземало чувство на немоќ кога не можеле брзо да го смират бебето, а некои мажи признале дека не можеле да се помират со фактот дека дома стасало бебе и не знаеле како да воспостават подобар однос со него.
Споменатите стручњаци ги упатуваат татковците, како и мајките, доколку се чувствуваат така, да побараат помош за да се ослободат од депресијата бидејќи во спротивно, од неа би можеле да почнат да страдаат и бебињата.